Производителот на електрични возила Тесла, со седиште во Калифорнија, се стекна со биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари како дел од политиката за инвестиции на компанијата предводена од Илон Маск и планира наскоро да прифати плаќања во дигитална валута за набавка на возила.
Компанијата рано утрово ја претстави новата стратегија во извештајот до американската Комисија за хартии од вредност, наведувајќи дека нејзините инвестиции во дигитални валути и други „алтернативни резервни средства“ можат да растат.
Вредноста на биткоинот скокна скоро 14 проценти и достигна рекордно високо ниво, така што по вчерашните цени, со ниту еден биткоин или 0,88 биткоини би било доволно за купување на основниот модел на Тесла- Model 3. Акциите на Тесла исто така забележаа раст.
Маск минатата година го преврте Волстрит и за кратко стана најбогатиот човек на светот откако акциите на Тесла пораснаа за 500 проценти, а компанијата стана петта највредна во САД. По неговиот потег вчера, инвеститорите очекуваат дека голем број други компании ќе решат да инвестираат или да поседуваат биткоини.
Што е биткоин?
Биткоинот е првата и најпопуларна криптовалута или дигитални парим, а започна да циркулира во 2009 година.
Создаден е од мистериозниот „Сатоши Накамото“ и е дизајниран да биде ослободен од финансиските власти како што се владите, банките и централните банки. Трансферот се извршува „peer-to-peer“, што значи директно помеѓу корисниците на интернет без посредници.
Биткоинот се заснова на блокчејн технологија која делува како јавен регистар на трансакции и е обезбедена со напредна криптографија која на корисниците им нуди одреден степен на анонимност.
Бидејќи не постои централен орган за управување со снабдувањето, вредноста на биткоинот зависи од довербата на корисникот во него и досега главно се користеше за шпекулации од финансиски трговци наместо во трговијата и реалните исплати.
Зошто скокна вредноста на биткоинот?
Биткоинот се движи напред, а во 2020 година скокна за 300 проценти, за во јануари да достигне вредност од 42 000 долари, а вчера над 44 000.
Таквиот раст е делумно управуван од институционални инвеститори кои сметаат дека е заштита од инфлација во ера на големи финансиски стимуланси, предизвикани од пандемијата, и кој привлекува зајакнувањето на регулативите на досега нетранспарентниот крипто пазар. Отсекогаш имало индикации дека биткоинот може да се прифати како главно средство за плаќање.
PayPal Holdings во октомври објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други виртуелни валути користејќи ги нивните паричници на Интернет.
Маск даде турбо поттик на тој пазар во вчерашното соопштение.
Колку е нестабилен биткоинот?
Историски гледано, биткоинот е крајно нестабилен. Затоа е одличен за шпекулантите, но помалку сигурен како начин на плаќање.
На пример, биткоинот во 2013 година започна со вредност од околу 13 долари за да скокне на 1.000 долари до декември. Во текот на 2017 година, тој започна со околу 1.000 долари и достигна 20.000 долари. На почетокот на 2020 година, во еден момент падна под 4.000 за да достигне вредност од скоро 45.000 УСД вчера.
Како биткоините се чуваат, купуваат и трошат?
Биткоините се чуваат во виртуелни паричници со уникатни клучеви (дигитални потписи). Трансакциите се вршат со испраќање биткоин од еден паричник со уникатен клуч поврзан со друг паричник во криптографски процес што е автентициран од компјутерите внатре во биткоин мрежата. Биткоин паричниците може да се чуваат офлајн или онлајн на берзата на криптовалути, каде што се купуваат или продаваат за традиционални валути или други виртуелни пари.
Како се прават биткоините?
Новите биткоини се создадени со процес наречен „рударење“, кое вклучува поединци или групи кои користат големи количини на компјутерска моќ за да решат сложени математички равенки за да изградат блокчејн и да добијат награди во форма на нови биткоини.
Рударите треба да се натпреваруваат едни со други за да освојат биткоини. Бројот на креирани биткоини на годишно ниво автоматски се намалува со текот на времето, а издавањето на нови ќе престане кога во оптек ќе бидат вкупно 21 милион биткоини.
Како одминува времето, така е потешко да се добијат нови биткоини, од кои во моментов има 18 милиони во оптек.
Што носи иднината?
Криптовалутите, првично дизајнирани да го поткопаат естаблишментот, поминаа далечен пат од тие бунтовни корени и сега се водени од финансиски институции како што се хеџ фондови и големи корпорации.
Некои експерти од оваа област сметаат дека Маск и Тесла го забрзуваат неговото вклучување во финансискиот мејнстрим.
„Ова дефинитивно ќе ги промени правилата на игра“, рече Ерик Тарнер, потпретседател на одделот за пазарни информации и истражување на крипто-валути во компанијата „Месари“.
„Мислам дека ќе видиме се повеќе компании кои се обидуваат да се одлучат за биткоинот сега кога Тесла го направи првиот потег. Една од најголемите компании во светот сега поседува биткоин, и како резултат на тоа, секој инвеститор што има удел во Тесла е исто така изложен“.