среда, јануари 20, 2021
-8 °c
Skopje
0 ° сре
0 ° чет
4 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

MPT 74,994.00 2.73%    STB 1,155.04 0.58%    TEL 319.55 0.63%    


Почетна ЕКОНОМИЈА СВЕТ

Откриен дежурен „полицаец“ во човечкиот имунитет чија задача е да внимава на коронавирусот

јануари 13, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, КОРОНА, СВЕТ
A A
Откриен дежурен „полицаец“ во човечкиот имунитет чија задача е да внимава на коронавирусот
428
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Научниците идентификуваа антивирусен протеин кој открива размножување на вирусот во клетките и кој го контролира имунолошкиот одговор на вирусот SARS-CoV-2.

Протеинскиот сензор во човековите бели дробови е идентифициран како оној кој го открива вирусот SARS-CoV-2 и испраќа сигнал до имунитетниот систем дека е време за антивирусен одговор. Откритието е направено од научници од Институтот за медицинско откривање на Санфорд Бурнхам Пребис во Калифорнија.

Студија за откритието е објавена во научното списание Cell Reports, а таа студија дава увид во молекуларната основа на тешка форма на болеста и може да доведе до нови стратегии во третманот и превенцијата од Ковид-19.

“Нашето истражување покажа дека протеинот МДА-5 е имунолошки полицаец кој има за задача да внимава на вирусот SARS-CoV-2 и да повика на засилување кога е време да го стори тоа”, вели Сумит Чандра, директор на програмата за имунитет и патогенеза на наведениот институт и еден од авторите на студијата.

МДА-5 препознава вируси кои се размножуваат во белодробните клетки и го активира интерферонот, главниот заштитник на нашето тело во прва борбена линија во борбата против вирусната инвазија. Без соодветна реакција на соодветниот интерферон, вирусните инфекции можат да доведат до смртоносни воспалителни реакции кои излегуваат од контрола, додава Чандра.

Во студијата, истражувачите проучувале 16 вирусни протеини кои се врзуваат за РНК во човечките епителни бели дробови и го идентификувале МДА-5 како најдоминантен сензор одговорен за активирање на интерферонот. МДА-5 открива двојна низа на вирусна РНК, форма што ја добива новиот коронавирус кога се размножува за да се прошири инфекцијата.

Пред оваа студија, беше познато дека активирањето на интерферонот е клучно за да се координира имунолошкиот одговор врз вирусот, но чуварот што го контролира процесот досега беше непознат за научниците.

“Разбирањето на биологијата на вирусот и начинот на откривање е од најголема важност за контрола на инфекцијата и спречување на ширењето на болеста. Вирусот SARS-CoV-2 се чини дека го оневозможува работењето на природниот имунитет во системот за надзор на човечкото тело, кој, во случај на вирус SARS-CoV-2, го контролира МДА-5, со што се спречува активирање на интерферонот. Реакцијата на интерферонот е таа која подоцна доведува до активирање на многу гени кои започнуваат антивирусна активност, а податоците сугерираат дека оваа активност ни е потребна за да ги контролираме раните фази на вирусна инфекција и да ги избегнеме најлошите резултати на Ковид-19”, вели Чандра.

Тој додава дека способноста на организмот да ја совлада офанзивната тактика на вирусот и да го активира интерферонот во голема мера влијае на тоа колку тешка форма на болест ќе биде. Претходните студии покажаа дека активирањето на интерферон е повисоко кај пациенти со лесни до умерени симптоми отколку кај критично болни пациенти.

“Можно е критично болните пациенти да имаат недостаток во испраќање сигнали до интерфероните. Ова истражување отвора нови пристапи во третманот кои ја зголемуваат јачината на сигналот МДА-5 до интерфероните со цел да се активираат повеќе во раните фази на болеста и да ја спречат нејзината тешка форма”, истакна Чандра на крајот.

Тагови: имунитетинтерферонкоронавируснаучници
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет

Следна Објава

Дневен хороскоп 14.01.2021




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“
АВТОБИЗ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

јануари 20, 2021
14
Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина
КОМПАНИИ

Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

јануари 20, 2021
14
Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност
КАРИЕРА

Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

јануари 20, 2021
28
Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови
ЗДРАВЈЕ

Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

јануари 20, 2021
77
„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза
КОМПАНИИ

„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

јануари 20, 2021
18
Ведро и многу студено, утринските температури под нула
ЕКОНОМИЈА

Ведро и многу студено, утринските температури под нула

јануари 20, 2021
34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

јануари 20, 2021
Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

јануари 20, 2021
Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

јануари 20, 2021
Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

јануари 20, 2021
„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

јануари 20, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021

јануари 20, 2021
336
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
1.1k





Следна Објава
Дневен хороскоп 14.01.2021

Дневен хороскоп 14.01.2021

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани