среда, јануари 20, 2021
-2 °c
Skopje
0 ° сре
1 ° чет
3 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 690.00 0%    ALK 13,778.57 -0.7%    CEVI 401.00 0.25%    FERS 61,000.00 0%    GRNT 1,177.00 2.21%    KMB 7,705.18 -1.22%    KVAS 13,000.00 0%    MPT 73,191.87 0.26%    SBT 2,750.00 -4.84%    STB 1,155.45 0.62%    TEL 319.34 0.56%    TNB 18,800.05 0%    TTK 1,420.00 2.79%    UNI 2,530.00 -1.09%    ZIMS 1,268.00 -2.98%    ZPKO 2,911.00 0%    


Почетна ЕКОНОМИЈА

Извршителите во 2019 година наплатиле 123 милиони евра, а за 14 години речиси 1,4 милијарди евра

јануари 13, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Извршителите во 2019 година наплатиле 123 милиони евра, а за 14 години речиси 1,4 милијарди евра
175
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Извршителите во 2019 година година наплатиле над 123 милиони евра- покажува последниот извештај за нивното работење објавен на крајот од минатат година.

Извештајот покажува дека за четиринаесет години  од нивното работење, наплатиле вклупно 1,36 милијарди евра. Во 2019 година речиси 68 милиони евра биле наплатени од компании, речиси 35 милиони евра од граѓани и 22 милиони евра од државата. Од вкупно наплатени 123 миилиони евра, речиси 10 милиони или поточно 9,85 милиони евра е заработувачката на вкупно 91 извршител во 2019 година.

Токму 2019 година беше обележана со протестот на извршителите кога тие ги затворија своите канцеларии во знак на револт од скратување на нивните награди. Стравуваа дека намалените приходи ќе ги затворат извршителските канцеларии засекогаш. Но, податоците покажуваат дека 2019 година не била драстично поразлична од претходните. Па така, 2018 година ја завршиле со наплатени 127 милиони евра од извршни решенија, или само 5 милиони евра повеќе од 2019 година. 2017 година пак била рекордна со наплатени 166 милиони евра, а 2016 година имале помалку наплатени средства и од 2019 година, или 118 милиони евра. Претходните две, 2015 и 2014 година наплататa се движела околу 107 милиони евра. Сепак извршителите велат дека 2019 година имало пад не само на наплатата туку и на вработените во извршителските канцеларии.

„Во 2019 година се забележува намалување и на вкупно наплатените средства и намалување на стапката на ефикасност иако има зголемување во бројот на примените предмети. Подетален преглед на податоците се претставени табеларно во прилог на овој меил. Исто така, од 2017 година па наваму се забележува и стабилен пад во бројот на вработените во канцелариите“, изјавија за „Денар“ од Комората на извршители.

Извршителите стравуваат пак дека 2020 година поради пандемијата со Ковид – 19 и стопирањето на извршувањето ќе остави страшни последици по нивната работа.

„Она што во овој момент може да се каже дека 2020 година беше тешка година во спроведувањето на судската власт. Имаше и период од 4 месеци кога беше суспендирано присилното извршување. По завршување на суспензијата бројот на активни извршувања не се врати на претходно ниво. Веројатно со намалувањето на општата стопанска активност поради пандемијата предизвика и намалување на ликвидноста на друштвата па оттаму и намалена наплата на долговите. Се разбира, на намалувањето на наплатата, силно допринесува и сериозно намалениот капацитет на извршителските канцеларии поради невозможност да се финансираат канцелариско – извршните активности. Ќе треба да ги причекаме податоците и за 2020 година кои во моментот пристигнуваат во Комората, но претпоставувам дека трендот кој се забележува од 2017 година ќе продолжи, односно, падот во наплатата и во ефикасноста  повторно ќе биде евидентен”, изјавија за „Денар“ од Комората на извршители.

Иако лани изборите го стопираа носењето на новиот тарифник од Министерството за правда со кој требаше да се скратат наградите за извршителите, сепак од Комората велат во  моментот не се водат преговори за намалување на тарифата.

Податоците пак од последниот извештај на Комората покажуваат дека во 2019 година извршителите извршиле речиси половина или 46,84% од барањата кои ги примиле, или примиле вкупно 121.812 барања за извршување, а реализирале 57.065 барања.

Структура на наплатени средства според должници пак покажува дека најмногу наплатени средства имало од правните лица.

„Според структура на должници, извршителите во 2019 година наплатиле најмногу парични средства од должници правни лица, поточно 67,931,679.66 евра, потоа од физички лица износ од 34,745,749,01 евра и крајно од Република Северна Македонија износ од 21,992,815.93 евра.

Додека пак според структура на доверители, најмногу средства се наплатени во полза на компаниите.

„Според структурата на доверителите, извршителите во полза на државата наплатиле вкупен износ од 2,892,703.25 евра. Воедно, во истиот период, назад во стопанството се влезени вкупно 99,760,324.62 евра, благодарение на реализацијата од страна на извршителите во РСМ, додека пак во полза на физичките лица доверители реализирани се 21,896,400.88 евра“,  стои во годишниот извештај за работата на извршителите во 2019 година.

Извештајот покажува дека најголем процент на реализирани извршни исправи е на подрачјето на Основен суд Битола и Основен суд Ресен со 16,09% додека пак подрачје на кое има најмала реализација на извршни исправи во однос на примените барања за извршување е подрачјето на Основен суд Гостивар и Основен суд Кичево 4,81%.

Според податоците оза 2019 година, за висината на наплатени средства за доверителите, најмногу наплатени пари или вкупно 3,8 милијарди денари или 62 милиони евра што е половината од вкупно наплатените средства е кај извршителите од подрачјето на Основните судови Скопје 1 и Скопје 2. Додека пак најмалку наплатени парични средства има кај извршителите на подрачјето на Основен суд Прилеп и Основен суд Крушево , или нешто помалку од 2,4 милиони евра.

Согласно податоците, најголемиот број од примените извршни исправи биле успешно реализирани во период на времетраење од повеќе од една година од моментот на поднесување на барањето за извршување или 32.372 барања. Но податоците покажуваат дека дури 16.407 барања се реализирани во период до три месеци од поднесувањето.

До Комората на извршители во 2019 година стигнале и 207 претставки од странки против извршителите.

„Од вкупниот број на претставки примени во текот на 2019 година, 14 претставки остануваат нерешени и се префрлуваат за следната 2020 година, а четири претставки префрлени од 2018 година, беа решени во 2019 година. Вкупниот број на решени претставки од страна на Претседателот на КИРСМ, во рамки на оваа извештајна година изнесува 183“, стои во извештајот.

Имало и пет барања за изземање на извршител, кои не биле прифатени. А двајца извршители завршиле на извршување бидејќи не си ја платиле паричната казна изречена од Дисциплинската комисија на КИРМ.

С.А

Тагови: извршителнаплатасуд
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Намирници и лекови кои никогаш не треба да ги мешате

Следна Објава

Променливо облачно со умерен северозападен ветер




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa
ЕКОНОМИЈА

Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

јануари 20, 2021
177
Бајден положи заклетва, стана новиот претседател на САД(ВИДЕО)
ЕКОНОМИЈА

Бајден положи заклетва, стана новиот претседател на САД(ВИДЕО)

јануари 20, 2021
23
Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес
ЗДРАВЈЕ

Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

јануари 20, 2021
93
BoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот
ЕКОНОМИЈА

BoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот

јануари 20, 2021
13
„Mercedes-Benz“ го претстави својот втор електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)
АВТОБИЗ

„Mercedes-Benz“ го претстави својот втор електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

јануари 20, 2021
49
Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“
АВТОБИЗ

Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

јануари 20, 2021
22

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

јануари 20, 2021
Бајден положи заклетва, стана новиот претседател на САД(ВИДЕО)

Бајден положи заклетва, стана новиот претседател на САД(ВИДЕО)

јануари 20, 2021
Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

јануари 20, 2021
BoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот

BoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот

јануари 20, 2021
„Mercedes-Benz“ го претстави својот втор електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes-Benz“ го претстави својот втор електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

јануари 20, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021

јануари 20, 2021
1.2k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
1.8k





Следна Објава
Променливо облачно со умерен северозападен ветер

Променливо облачно со умерен северозападен ветер

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани