недела, јануари 17, 2021
-2 °c
Skopje
-5 ° нед
-6 ° пон
-4 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна ЕКОНОМИЈА

Во каква состојба влегува глобалната економија во Новата година?

јануари 2, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ТОП ВЕСТИ
A A
Во каква состојба влегува глобалната економија во Новата година?
71
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Пандемијата ковид-19 ја втурна глобалната економија во една од најлошите рецесии досега, и сè уште е неизвесно кога може да се случи целосно економско закрепнување. Неодамнешните достигнувања на вакцините за коронавирусот ги направија економските изгледи нешто подобри, но некои аналитичари велат дека потенцијалното бавно воведување на вакцините во земјите во развој може да го задуши враќањето на активноста на нивото пред-пандемијата.

Тие предупредуваат дека новите мерки за затворање во Европа, чија цел е да се спречи повторното појавување на бројот на заразени, може да го попречат економското закрепнување дури и на индустриски развиените земји, пишува „CNBC“.

„Откривањето на вакцината е силен поттик за закрепнување, но само во 2022-ра година“, велат економистите од „City bank“ во декемврискиот извештај, додавајќи дека „во 2021-ва година ќе има јасно подобрување“ во глобалната економија, делумно поради тоа што не е тешко да биде подобро од 2020-та година“.

Брзото ширење на вирусот Ковид-19, кој изби во Кина на крајот на 2019-та година, принуди многу земји да бидат блокирани со месеци во оваа година, што резултира со катастрофален пад на бруто домашните производи, како најширока мерка за економска активност, во многу економии.

Така, според податоците на „Организацијата за економска соработка и развој“ (ОЕЦД), годишниот пад на еврозоната во 2020-та година ќе изнесува скоро 8 проценти, Јапонија 5, САД околу 4 проценти, а само Кина ќе забележи раст од 1,8 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека глобалната економија може да потоне за 4,4 проценти во оваа година, проследено со раст од 5,2 проценти во 2021-ва година. Сепак, фондот предупреди дека, и покрај фактот дека светската економска активност започна да се опоравува во октомври, враќањето на нивото пред пандемијата ќе биде „долго, нерамномерно и неизвесно“.

Една од главните карактеристики на корона-заклучувањата ширум светот е целосно или делумно затворање на границите, што ги блокираше повеќето меѓународни патувања.

Според Светската туристичка организација на Обединетите нации, повеќе од 150 земји и територии ги олеснија ограничувањата поради Ковид-19 до 1 ноември, но многу ограничувања на прекуграничните движења сè уште се во сила.

Овие мерки вклучуваат, но не се ограничени на: отворање граници само на припадници на одредени националности или од одредени дестинации; услов посетителите да имаат негативен резултат на тест за Ковид-19 за да им биде дозволен влез во земјата; и мерки за карантин или самоизолација за посетителите по пристигнувањето во земјата.

Една од главните последици на економскиот пад предизвикана од пандемијата е силното губење на работни места на глобално ниво.

Според извештајот на „ОЕЦД“, во некои земји негативните ефекти на Ковид-19 врз пазарот на трудот првично биле „десет пати поголеми од оние забележани во првите месеци од глобалната финансиска криза од 2008-ма година“.

Најтешко беа погодени вработените во услужните активности и работниците со ниски примања, кои претрпеа поголеми загуби на работа или приход.

Исто така, скоро сите светски економии влегуваат во Новата година со забележително поголеми долгови затоа што владите ги зголемија позајмувањата и трошоците за зачувување на работните места и одржување на работниците на работа. На глобално ниво, вкупниот пакет мерки за ублажување на економското влијание на пандемијата достигна 12 трилиони долари, процени ММФ во октомври.

Тоа невообичаено ниво на трошење го турна глобалниот јавен долг на рекордно ниво на сите времиња, но државите не треба предвреме да ги повлекуваат мерките за фискална поддршка на нивните економии, соопшти Фондот.

Според проценките на ММФ, јавниот долг на развиените земји ќе изнесува над 120 проценти од БДП-то во оваа година, со највисоко ниво на долг од скоро 140 проценти од БДП-то во САД, потоа во еврозоната околу 98 проценти, Кина 80 и земјите во развој од 70 проценти.

„Со оглед на тоа што многу работници се уште се невработени, дека малите бизниси се борат со ликвидност и дека 80 до 90 милиони луѓе најверојатно ќе паднат во екстремна сиромаштија во 2020-та година како резултат на пандемијата, дури и по добивањето на дополнителна социјална помош, рано е за државите да ги укинат мерките за итна поддршка “, соопшти ММФ.

Огромна поддршка за ублажување на економските последици од короната обезбедија и централните банки со намалување на каматните стапки на рекордни ниски нивоа за да им се помогне на владите да управуваат со својот долг.

Федералните резерви на САД, чија монетарна политика влијае на економиите ширум светот, ги намали каматните стапки на речиси нула и ветија дека нема да ги зголемуваат се додека инфлацијата не го надмине целното ниво од 2 проценти.

Покрај тоа, една од значајните мерки преземени од централните банки во Европа, САД и пазарите во развој како дел од напорите за ублажување на коронакризата е да се зголеми купувањето хартии од вредност со цел да се внесат повеќе пари во финансискиот систем и да се поддржи ликвидноста на нивните економии, се вели во текстот на „CNBC“.

Тагови: економијапандемијасвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Кога пристигнува новиот „Mini“?

Следна Објава

Вознемирувачко видео: Двајца мажи учат дете да пука од пиштол




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!
ЕКОНОМИЈА

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
35
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните
СВЕТ

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
47
Сончево и студено со мала до умерена облачност
МАКЕДОНИЈА

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
10
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП
СПОРТБИЗ

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
52
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали
ТЕХНОЛОГИЈА

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021
134
Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз
СПОРТБИЗ

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз

јануари 16, 2021
51

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
Сончево и студено со мала до умерена облачност

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобриот детокс напиток за во зима

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ДИЕТА: Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021

јануари 16, 2021
2.4k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.5k





Следна Објава
Вознемирувачко видео: Двајца мажи учат дете да пука од пиштол

Вознемирувачко видео: Двајца мажи учат дете да пука од пиштол

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани