27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадворешната трговија во март забележа наголем пад во последната деценија од 21,9...

Надворешната трговија во март забележа наголем пад во последната деценија од 21,9 %

Надворешната трговија во март годинава забележа најголем пад во последната деценија од 21,9 проценнти, покажуваат поселдните податоци на Државниот завод за статистика. Ова е ефектот од светскиот карантин  во кој земјава влезе на срединната на март, а се очекува подаоците за април во стоковата размена со странство да бидат полоши од тие за март.

За експертите ваквиот пад на надворешната трговија на земјава е очекуван и е резултат на погодената глобална економиија од корона кризата.

Во нашата економија, падот е доминантно движен од компаниите кои се дел од глобалните синџири на понуда, извозно ориентираните компании и странските инвестиции во земјата. И двете групи беа под силно влијание на намален извоз, делумно поради рестриктивните мерки, делумно поради намалена побарувачка. Но, кај странските инвеститори, производството и извозот е движен од економските и производствени активности на матичните компании. Па така, затварањето и намалувањето на производството кај матичните компании директно ќе се рефлектира и на странските инвеститори во земјата“, вели Благица  Петрески од Институтот „Finance Think“.

Според Петрески, идните движења на надворешната трговија во голема мера се детерминирани од заздравувањето на глобалната економија, но и од успешноста на извозно ориентираните компании во земјата да останат дел од глобалните синџири и да го преструктуираат производството на новонастанатата побарувачка.

И проекциите на домашните финансиски институции предвидуваа пад на трговската размена на земјава за годинава,  поради пандемијата со вирусот Ковид 19. Народнната банка во последните проекции предвидува пад на извозот за 17 процети и кај увозот 15 проценти за годинава.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека вкупната вредност на извозот на стоки од земјава за периодот јануари ‒ март годинава изнесува 1,407.739 илјади евра и бележи пад од 8.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.918 367 илјади евра, што е за 3.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 510. 628 илјади евра.

Трговската размена пак по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Податоците на статистика покажуваат дека во периодот јануари – март годинава сме извезле во странство стока вредна над 1,4 милијарди евра или за 126  милиони евра  помалку од истиот период лани. Увозот изнесува над 1,9 милијарди евра и е помал за 72 милиони евра од истиот период лани. Според вкупниот обем пак на надворешнотрговската размена, во првиот квартал од годиннава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП