8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Пекинг – Во Кина во првите шест месеци оваа година е забележан раст на продажбата на возила. Во првите шест месеци од годината продадени се 10,78 милиони возила. Агенцијата за производство на автомобили во Кина соопшти дека во таа земја во првите шест месеси е зголемено производството на возила за 12,34 отсто во однос на истиот период лани. Исто така, производството на автомобилите во истиот период пораснало за 12,83 и достигнало бројка од 10,75 милиони возила. Од продадените автомобили во првите шест месеси оваа година, 6,67 милиони се лични возила, додека 2,12 милиони деловни возила.

Крагуевац – Хрватскиот концерн Агрокор потпиша договор за купување на над 100 автомобили Фиат 500Л со Фиат автомобили Србија (ФАС), на кои возниот парк на компанијата Идеа на Агрокор, ќе се замени со автомобили произведени во Крагуевац. Договорот го потпишаа потпретседателот за малопродажба во Агрокор Анте Тодориќ, генералниот директор на ФАС Антонио Чезаре Фераро, генералниот директор на компанијата Идеа Александар Сератлиќ и комерцијалниот директор на ФАС Гери Кларк. Договорот е потпишан на четири години.

Белград – Зголемувањето на цената на струјата од 10,9 отсто во Србија, кое се очекува од 1 август, ќе покрене лавина поскапувања на производи и услуги во чие производство електричната енергија игра и најмала улога. Наскоро ќе поскапе храната, хемикалиите за домаќинствата и козметиката, од есенва и греењето, додека на лебот сава моментално цената е загарантирана до крајот на септември. – Кога струјата ќе поскапи за 10,9 отсто, тоа ќе доведе до зголемување на инфлацијата за 0,8 отсто. Тоа е директен ефект кој веднаш ќе се одрази, а сметајќи дека просечниот инпут на струјата во производството е околу пет отсто, во следниот период ќе дојде и до раст на другите цени, посебно на тие производи во кои струјата се користи интензивно – објаснува економистот Горан Николиќ.

Загреб – Министерот за финансии во владата на Хрватска Славко Линиќ се заложи за давање на автопатиштата во таа земја под концесија. Тој рече дека не разбира како некој може да биде против монетаризацијата на автопатиштата, па констатираше дека е сеедно дали се во државна сопственост или не, ако патарината не е скапа. Неговиот став за издавање на патиштата под концесија, некои медиуми во Хрватска го опишаа како индиректно признавање дека нивната земја е пред банкрот, па дека поради тоа се продава или издава се што се може. Опозициската ХДЗ е против давање на автопатиштата на концесионери сметајќи дека тоа не е добар потег.

Белград – По ефикасноста на пазарите и антимонополската заштита, според анализите на Светскиот економски форум, од 144 земји Србија е на 142 место. Поради монополизирање на пазарите, малите субвенции во земјоделството и лошата деловна клима, Србија има најскапа храна во регионот. Купувањето на храната се повеќе го отежнува домашниот буџет во Србија. Најновите податоци од Стопанската комора покажуваат дека цените на храната, кога ќе се споредат цените во земјите во регионот, оваа година најмногу пораснале во Србија и тоа за 12,9 отсто, следат Хрватска и Црна Гора со 6,5 отсто раст. Во Македонија за една година цените скокнаа за 5,3 отсто, а во Словенија за 3,3 отсто.

Москва – Најголемите производители на гас не се подготвени да направат своја организација слична на ОПЕК, па напорите на Русија и јужноамериканските земји за сега останаа без успех. Не е остварена ни основната цел на самиотот, да се дојде до заеднички став за формирање на цените. Овој втор самит на земјите потрошувачи на гас се одржа во Москва, исто како и првиот пред пет години. Основната причина поради која гасните гиганти не успеаја да се договорат, секако се нивните различни интереси и фактот дека работат на различни пазари.

Пекинг – Кинеската трговија нагло падна во јуни, што е нов знак за слабеење на второто светско стопанство по големина. Извозот паднал за 3,1 отсто во однос на 2012 година, а увозот за 0,7 отсто, покажуваат официјалните податоци. Двете вредности беа под очекувањата на приватниот сектор, кој предвидуваше низок едноцифрен раст. Стопанскиот раст на Кина успори оваа година и се очекува дека ќе продолжи да слабее поради ниската побарувачка во светот, како и поради обидите на Кинеската централна банка да го намали кредитниот бум. Суфицитот на кинеската трговија се намали за 12,4 отсто, на 27,1 милијарда долари.

Пекинг – Додека многу силните економии во светот, како Германија и Франција, забележуваат пад на продажбата на нови автомобили, Кина и понатаму е близу двоцифрен процентуален раст. Во мај оваа година растот на продажбата бил 9 отсто, во април 13, а во март 13,3 отсто, потсетува Блумберг. Аналитичарите укажуваат дека продажбата пораснала благодарение на поголемиот попуст кој го давале продавачите, со желба да ги продадат резервите на старите модели и да го исполнат полугодишниот план.

Белград – Бидејќи добар дел од постоечката флота е оспособен за сообраќај, националната авионска компанија нема да се впушти во изнајмување на два боинга, пишува весникот Новости. До крајот на месецот ЈАТ ќе има 14 авиони во сообраќај. Националната авиокомпанија дефинитивно се откажа од изнајмување на двата боинга за сезоната, бидејќи добар дел од постоечката флота е оспособен за сообраќај, дознава Новости. До крајот на неделата стигнува уште еден АТР така ЈАТ ерврјз ќе лета со седум свои боинзи, четири АТР авиони и изнајмениот авион од Авиогенекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП