25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоздухот ќе се „прочистува“ со планови, загадените Општини ќе можат да забранат...

Воздухот ќе се „прочистува“ со планови, загадените Општини ќе можат да забранат сообраќај

Владата ја префрла топката на општините во борбата со аерозагадувањето. Сите општини каде што загадувањето ги надминува дозволените граници и тие каде постои ризик да се надминат праговите на алармирање, ќе мора да прават краткорочни акциски планови како ќе се справат со проблемот, но само ако имаат над 35.000 жители.

Со европско знаменце во Собранието стигна измените на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух кои пратениците треба да ги усвојат пред распуштањето на Парламентот поради предвремените избори закажани за 12 април. Предлогот е потпишан од Министерството за животна средина.

Сепак, оваа опција не ги опфаќа општините кои имаат помалку од 35.000 жители и кај кои постојат надминувања, па од тие причини се препорачува општините кај кои индикативните мерења покажале надминувања на вредностите исто така да имаат обврска да изготват планови за квалитет на амбиентниот воздух или краткорочни акциски планови за да го решаваат проблемот со таквите надминувања. Индикативните мерења се дадени како алатка за општините кај кои нема податоци за квалитетот на амбиентниот воздух, било поради тоа што не биле опфатени во државната мрежа за мониторинг или поради тоа што немаат воспоставено локална мрежа за мониторинг“. – стои во предлог измените на законот.

Пари за мерни станици и за плановите, „ загадените“ општини ќе мора сами да си најдат, дали од нивниот буџет или од други извори, зошто предлог измените на законот не предвидуваат издвојување на дополнителни пари од централниот буџет. Владата ќе носи одлука, а со планот самите општини ќе си предвидат и мерки што ќе се преземат за да го намалат загадувањето кај нив. Еве кои опции им стојат на располагање во предлог законот:

-забранува, ограничува  или реорганизира сообраќајот на определени места во урбани и/или рурални подрачја;

-задолжува работодавецот да ги реорганизира работното време, работните смени или работните денови во насока на минимизирање на ризиците кај одредени категории на граѓани, како и на вршители на одделни дејности и/или активности кои придонесуваат во загадувањето на воздухот за чиј надзор е надлежна општината, односно градот Скопје;

-го намалува капацитетот на производство или се забранува на определено време работата на инсталациите кои придонесуваат во квалитетот на воздухот за чиј надзор е надлежна општината, односно градот Скопје;

-забранува организирање на културни, спортски и други манифестации на отворено;

-врши реорганизирање на работата на инспекциските служби во општината;

-ограничува/намалува/забранува употребата на возниот парк во јавниот и приватниот сектор на нејзина територија и во нејзина надлежност;

-забранува/ограничува употребата на производи за затоплување на домаќинствата, приватниот и јавниот сектор кои придонесуваат за загадување на воздухот на нејзина територија, стои во предлогот.

Казните за загадувачите се ригорозни и изнесуваат од 200 до 30.000 евра во зависност дали станува збор за микро, мала, средна или голема компанија и во зависност од тежината на прекршокот. А предвидена е глоба од 750 евра и за Граданочалникот кој не го изготвил Планот за квалитет на воздух како и  краткорочниот акционен план.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП