25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГимназија или стручно - кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

Заврши првиот уписен рок во средните училишта – полуматурантите и оваа година во најголем дел се одлучија за гимназија а во многу помал дел за стручно односно насочено образование. Апелите на бизнисмените и политичарите не вродија со плод.

Гимназиите остануваат најпопуларни

Според конкурсот за запишување ученици во училиштата за средно образование во земјава, има вкупно 35.690 слободни места – 24.581 на Македонски наставен јазик, 10.123 на Албански јазик, 952 на Турски и 34 на Српски наставен јазик.

За гимназиско образование предвидени се 10.713 слободни места. За стручно образование слободни се 18.365 места, за стручно образование со тригодишно траење 5.490, а за стручно образование во двегодишно траење има 408 места.

И оваа како и секоја година за стручните насоки има многу послаб интерес освен во средното медицинско училиште каде има речиси двојно повеќе пријавени од бројот на слободни места.

Од друга страна во останатите средни училишта има многу малку пријавени, во дел од нив квотите се пополнети и само 20 до 30 проценти иако со некои од струките што се нудат лесно се наоѓа солидно платена работа.

Во моментов средните училишта ги нудат следниве струки: автотехничка, економска, електротехничка, геолошко – рударска, градежно – геодетска, графичка, хемиско – технолошка, лични услуги, машинска, сообраќајна, шумарско – дрвопреработувачка, техничар за дизајн, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, здравствена, земјоделско – ветеринарна.

Бизнисот бара едно, образованието испорачува друго

Бизнисмените со години предупредуваат дека се потешко доаѓаат до квалификуван кадар, дека пазарот на труд не е прилагоден на нивните потреби.

„Може да се направат реформи за кои не треба долго време и пари, како  формализирање на алтернативни форми на вработување –  фриленсинг, онлајн работење или работа на далечина, со што би се охрабриле младите да остануваат тука и да работат, а исто време, да бидат заштитени“ изјави неодамна претседателката на АМЧАМ, Дијана Десподов.

Во Македонија има многу невработени правници и економисти, а речиси и да не може да се најдат добри работници и продавачи.

„Постои сериозен дисбаланс меѓу она што им е потребно на компаниите и она што го испорачува образовниот систем. Многу малку луѓе се одлучуваат за стручно образование но и оние што го завршуваат не се доволно квалификувани за веднаш да се вклучат во производствениот процес“ вели Александар Петровски, сопственик на погон од металопреработувачката индустрија.

Дополнителен проблем е и инсистирањето на родителите нивните деца да се запишат и да завршат факултет по секоја цена.

„Факултетската диплома повеќе не е гаранција за добро платена работа. Кај мене во фирма оние што вистински си ја знаат работата месечно заработуваат и 700 до 800 евра. Тоа е многу повеќе од на пример шалтерски работник во банка кој зема 300 евра“ објаснува Петровски.

Анализите на Сојузот на стопански комори (ССК) покажуваат дека нивните членки имаат голема потреба за машински и електро струки поточно за заварувачи, ракувачи на градежна механизација, оператори и програмери на ЦНЦ машини, ИТ техничари, бравари, водоинсталатери, електро техничари, пекари, ѕидари, одржувачи на хигиена.

Најмногу се бараат среднисти

Во моментов Агенцијата за вработување има над 7.753 активни огласи за слободни работни позиции.

Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија, трговијата и градежништвото, а најбарани занимања се продавач, работник во погон и општ работник.

Истражувањата на Агенцијата за вработување покажуваат дека во земјава има хроничен недостиг од квалификуван кадар во одредени дејности.

Од оние со завршено високо образование се бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

Анализата на Агенцијата за вработување покажува дека на пазарот на труд најмногу се бараат работници со средно образование.

58.3% од новите вработувања се очекува да бидат за луѓе со завршено средно училиште, 25.0% со основно, 8.8% со вишо и 7.9% со високо образование.

Побарувачката на високо образован кадар ќе биде најголема во дејноста информации и комуникации каде според искажаните потреби на работодавачите се очекува дека речиси 80% од вработувања во оваа дејност ќе бидат за лица со високо образование.

Речиси во сите останати дејности, најголема е побарувачката на кадар со средно образование, а меѓу нив посебно се издвојуваат преработувачката индустрија и дејноста трговија на големо и трговија на мало, каде 61.0%, односно 58.5% од вкупните вработувања во овие дејности ќе бидат за лица со средно образование.

Заедничка акција за насочување на младите

За колку толку да се испеглаат разликите меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд бизнисот и државата започнаа заедничка координирана акција за насочување на младите кон средните стручни училишта.

„Широко присутен мит е и тој дека лицата што ќе завршат средно стручно училиште ќе имаат мала плата. Според Државниот завод за статистика, стручно оспособените работници имаат плата што не се разликува од просечната, а често е и повисока“, порачаа од Министерството за образование и наука кога почна кампањата.

Сепак, ако се земат предвид резултатите од првиот уписен рок таа и немала голем

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП