19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Рома сите се на продажба!

Во Рома сите се на продажба!

Daniele+De+Rossi+Roma+v+Parma+FC+xrEJrljrqxcx

Претседателот на Рома, Џејмс Палота откри дека во клубот секој играч е за продажба, нормално доколку пристигне доволно добра понуда за него.

Тој рече дека во тимот од Рим немаат фудбалер кој ќе биде поштеден, па дури и ѕвездата Даниеле Де Роси може да си замине во текот на летото.

„Де Роси? Ќе видиме што ќе се случи со него. Кај нас секој е за продажба, исто како во Бостон Селтикс. Франческо Тоти секогаш ќе биде дел од Рома и ние сакаме тој да остане. Сигурно тој ќе продолжи да игра барем уште една-две години. Треба само да се прецизира каква е неговата состојба. Не знам дали тој сака да игра додека да наполни 40 години. Можеби кога ќе наполни 40 години, претпоставувам дека ќе ме праша дали може да продолжи да игра и до 50 години”, изјави Палота .

Шефот го коментираше и назначувањето на новиот тренер Руди Гарсија. Според него тој е вистинскиот тренер за Рома и ќе остане во клубот долги години.

„Се сретнав со Гарсија во Њујорк. Таму разговарав со него и само еден час веќе знаев дека тој е вистинскиот избор за тренер на Рома и ќе остане кај нас долго време”, додаде шефот на Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП