29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА“Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити...

“Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда

Филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival.

Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири, се одлучи за Петрунија кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност.

Жирито доделувајќи ја наградата рече: Oдлучивме да ја  доделиме главната награда овој на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се противстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП