26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКонзумирањето чаша млеко со мед дава големи придобивки

Конзумирањето чаша млеко со мед дава големи придобивки

Понекогаш најпростите намирници, кои секој ги има во кујната, можат да направат чудо за вашето здравје.

Познатата изрека „чаша млеко и во кревет“ не е воопшто за потценување, само што на чашата млеко треба да и додадете и мед. Еве какво подобрување ќе имате од ова:

Добар сон

Подобро од чаша топло млеко пред спеиње е чаша топло млеко со една лажичка мед. Преголемото количество на шеќер ќе ве разбуди и вознемири, но со мали количини во вашиот мозок ќе се исклучи орексинот, невротрансмитер кој е одговорен за будноста во текот на денот..

Издржливост

Чаша млеко и две лажици мед во утринските часови ќе ја подобрат вашата издржливост во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот потребните јаглени хидрати. Млекото и мдеот можат да ги пијат сите лица, независно од возраста.

Med

Го забавувува стареењето

Истражувањата покажаа дека млекото и медот делуваат на целото тело, а не само на кожата, кога станува збор за стареењето. Луѓето во многуте стари цивилизации (Грци, Римјани, Египќани…) пиеле млеко и мед, за да ја зачуваат младоста.

Антибактериско делување

Истражувањата покажаа дека оваа комбинација има поголема делотворност на стафилококите.

Med002

Варење

Оваа комбинација ќе ви помогне при запек, надуеност и цревни болести.

Респираторни болести

Топлото млеко и медот се одличен лек за настинка и кашлица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП