6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се прават овие три компании за вработените да им бидат здрави...

Што се прават овие три компании за вработените да им бидат здрави и среќни

Happy-workers

Доколку сакате добар тим, здрави личности, одлични деловни резултати и „расположена“ канцеларија, следете го примерот на трите компании кои навреме сфатиле дека физички активните вработени се најздрави, најпродуктивни и најзадоволни.

„Progressive Insurance“ е американска осигурителна компанија со 25.000 вработени и секој од нив е вклучен во некоја од понудените програми за рекреација.

Тие можат да одберат меѓу часови за јога, фитнес, морнарска обука или може да заминат кај нутриционист или на сеанси за одвикнување од пушењето. Раководниот кадар за многу кратко време забележа голема разлика во однесувањето на вработените, значително им се подобрило расположението, повеќе се смееле и дружеле и биле драстично помалку денови на боледување.

„Twitter“ има канцеларија во Сан Франциско и во неа има 1000 вработени. Тие од самиот почеток го негуваат својот тим со различни понуди за рекреација. Во понудата се јога, пилатес, Винг Чун и Кросфит часови. Вработените можат да одберат и масажа и акумпуктура. Сето тоа е на трошок на компанијата.

Канадската телефонска компанија „Telus“ има 26.000 вработени на 13 локации ширум земјата. Тие се гордеат со своите центри кои се наоѓаат во рамките на компанијата во кои постојат кардио-програми, фитнес-програми, масажа и советници за психолошка помош. Според зборовите на директорот на „Telus“, Џенет Кроу најважно е да се има комапнија со здрава работна средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП