21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: од 1 јануари зелените пазари ќе останат полу празни?!

Анализа: од 1 јануари зелените пазари ќе останат полу празни?!

Тезгаџиите реагираат, коморите предупредуваат, но власта не отстапува – новиот закон за зелени пазари ќе почне да се применува на 1 јануари.

Пазарџиите остро контра законот

Новото законско решение со кое се воведуваат лиценци и дополнителни давачки сериозни ќе удри врз над 20 илјади луѓе кои се занимаваат со препродавање на зелените пазари. Тие предупредуваат дека и досега едвај врзувале крај со крај.

„Секој ден од 6 сабајле до 4 попладне сум тука, на тезгата. И на крајот на месецот едвај вадат 12 до 15 илјади. Тоа пари ли се? Со тоа може ли да се преживее?“ вели еден продавач на пазарчето во Тафталиџе.

Неговиот колега од соседната тезга додава дека тој не знае што ќе прави по Нова Година.

„Јас имам минимална пензија и еве продавам кромид, лук, компир колку да преживеам. Па пола пензија ми оди само за лекови. Не знам како ќе преживеам“ вели тој.

Од 1 јануари нови построги правила

Новото законско решение не предвидува воведување на фискални каси и регистрирање на фирма како што првично беше планирано, но затоа има други построги правила.

Од 1 јануари сите ќе треба да имаат лиценци и да плаќаат персоналец како и придонеси за здравствено и за пензиско. Се забранува на тезгите да продаваат пензионери, социјалци, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар.

„Трговци на зелени пазари не може да биде физичко лице кое остварува приходи по основ на работен однос, приходи по основ на самостојно вршење на дејност по друг закон, приходи по основ на договор за дело, приходи по основ на пензија, социјална парична помош и паричен надоместок за време на невработеност“ стои во членот 7 од законот.

Пазарџиите ќе мора да имаат и лиценци кои ќе ги контролира Пазарната инспекција а со себе секогаш ќе мора да носат и легитимација.

На зелените пазари ќе биде забранета и продажба на текстил, обувки и други непрехранбени производи.

Министерствата за финансии и економија дополнително ќе го договараат износот за добивање на лиценца. Вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра. Во земјава има повеќе од 20.000 регистрирани тезгаџии, а процените се дека од дивите продавачи државата губи повеќе од 800.000 евра годишно.

Казни од 150 до 2.000 евра!

Новиот закон предвидува и казни и глоби кои се движат од 150 па и до 2.000 евра во зависност од прекршокот.

„Глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот на зелени пазари доколку не ја носи легитимацијата со себе“ пишува во законот.

Казна од 150 евра има и доколку продавачите оствариле друг, дополнителен приход а тоа не го пријавиле.

Глоби од дури 1.500 до 2.000 евра се предвидени доколку се продава без лиценца, не се поседува документација за потеклото на производот или пасош за растенијата.

Казни има и за сопствениците односно организаторите на пазарите. Тие достигнуваат и до 3.000 евра.

Стопанската комора бара одложување

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија бара да се одложи примената на законот и да се направи целосна ревизија. Веќе е доставен и официјален допис до Министерството за економија, но оттаму нема позитивен одговор.

„Недореченостите на законот, недоволната подготвеност и информираност на трговците за обврските кои за нив произлегуваат, како и подзаконските акти за неговото спроведување кои беа донесени со задоцнување, односно беа донесени во рок од 8 месеци по влегувањето на законот во сила наместо во рок од три месеци, како што е предвидено со преодните и завршните одредби, Групацијата смета дека е неопходно примената на Законот да се одложи во разумен рок, во кој ќе бидат ревидирани спорните одредби и ќе бидат разгледани нејзините предлози“, објаснува Даниела Михајловска – Василевска од Стопанската Комора.

Нивните анализи покажале дека со ова решение вкупниот број на продавачи на зелените пазари ќе се намали за најмалку а нивното исклучување од дејноста, покрај загуби за трговците, би предизвикало големи загуби и за организаторите.

Владата не отстапува – примена од 1 јануари

Во Владата велат дека сега е предоцна да се менува законот. Тој ќе почнел да се применува од 1 јануари, па потоа доколку се јави потреба ќе се менувал. Сепак, тоа нема да биде наскоро, пратениците имале други приоритети.

„Имајќи ја предвид агендата на Собранието не верувам дека до крајот на јануари ќе има можност друг закон да помине, па и законот што не е во процедура. Писмено ги добив прелозите на Комората, значи имале можност од почетокот кога ги донесовме законските акти, но и од кога бил усвоен законот во Собранието да излезат со овие предлози и да имаме време да интервенираме“ изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

 

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП