21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијарда долари не се тоа што беа

Милијарда долари не се тоа што беа

Денеска една милијарда долари не се тоа што беа порано. Пред само неколку дена, „Forbes“ го објави своето рангирање на 400-те најбогати Американци.

Вкупно 204 од милијардерите во САД не успеаја да останат во листата на „Forbes“, бидејќи таму беа потребни барем 2,1 милијарди долари, што е за 100 милиони долари повеќе од пред 12 месеци.

Надвор од листата останаа Брус Карш и Хауард Маркс од фондот за деловно инвестирање „Oaktree Capital“, кои имаат по 2 милијарди долари, основачот на „Under Armour“, Кевин Планк (1.9 милијарди долари), како и на „LinkedIn“, Рид Хофман (1.8 милијарди долари). Последниот неодамна донираше околу 1,5 милијарда долари од своето богатство.

Меѓу другите милијардери се забележуваат уште имињата на основачот на „GitHub“, Крис Вансрат (1.4 милијарди долари), кој неодамна ја продаде компанијата на „Microsoft“ за 7,5 милијарди долари и основачот на една од најпопуларните видео игри во моментов – Тим Свини, кој поседува 1,8 милијарди долари.

Денес „Fortnite Battle Royale“ се игра од 125 милиони луѓе во светот и генерира продажба од над 1 милијарда долари годишно. Податоци на списанието „Forbes“ покажуваат дека Свини поседува 16% од „Epic Games“ – компанијата која тој ја основал, додека студирал на Универзитетот во Мериленд.

Поранешниот фудбалер и учесник во олимпискиот тим на САД од 1984-та година Џим Каванах исто така е меѓу милијардерите кои не се меѓу првите 400. Тој ја основал својата компанија на 27-годишна возраст, а само неколку месеци подоцна превезува 500 компјутери до Омаха сам, за да може да ја реализира големата нарачка за тоа време.

Оваа работа се исплаќа и денес – повеќе од 20 години подоцна, тој има 2 милијарди долари. Во изминатата година, неговата компанија оствари продажба од 10,4 милијарди долари.

Но, не само технолошкиот сектор произведува милијардери. Анастасија Соаре е доказ за ова. Таа е родена во Романија и емигрирала во САД во 1989-та година, по што ја основала компанијата „Anastasia Beverly Hills“, која реализирала продажба од 200 милиони долари за минатата година.

Меѓу нејзините клиентите денес се ѕвезди како Синди Крафорд и Ким Кардашијан, а производите можат да се купат во вкупно 1.500 продавници и салони за убавина. Соар има 18 милиони следбеници во „Instagram“, а богатството и се проценува на 1 милијарда долари.

Друг сличен пример е Џими Џон, кој поседува 1,7 милијарди долари, благодарение на својата империја за сендвичи која ја основал во 1983-та година, кога имал само 19 години.

Денес тој поседува 35% од компанијата и се уште ја управува. Џими Џон започнува бизнис со заем од 25.000 долари кои ги земал од својот татко, а во училиште е познат по … слабите оценки.

Поранешниот кошаркар Мајкл Џордан не се натпреварува долго време, но тој продолжува да заработува се повеќе секоја година, отколку што заработи во текот на неговата кариера (нешто повеќе од 90 милиони долари).

Неговите спонзори моментално се „Hanes“, „Gatorade“ и „Upper Deck“, а од „Nike“ генерира повеќе од 100 милиони долари годишно, како процент од продажбата на брендот „Jordan“.

Приходите му дозволија да го купи НБА тимот Шарлот Хорнетс во 2010-та година, кој во моментов се проценува на 1,05 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП