4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНутриционистите препорачуваат да се јаде често, 5-7 пати на ден

Нутриционистите препорачуваат да се јаде често, 5-7 пати на ден

Секој знае дека здравата исхрана треба да биде богата со овошје и зеленчук и да содржи помалку шеќер и пржена храна. Помалку е познато колку често треба се јаде и колку брзо.

„Метаболизмот на телото може да се спореди со камин”, вели германскиот нутриционист Хајко Григун. „Треба редовно да се дополнува за да работи добро”.

Затоа тој препорачува да се јаде често, 5-7 пати на ден.

Луѓето кои сакаат да ослабат често грешат затоа што јадат ретко и нередовно, вели Григун. По долго време без храна, телото почнува да ја чува енергијата со согорување помалку калории.

Покрај тоа, ако сте прегладнети најверојатно ќе посегнетe за брза храна или слатки. „Па затоа е подобро нешто да каснете. Мали порции од зеленчук или други лесни ужини помеѓу појадок, ручек и вечера се сосем во ред”, објасни тој.

Мислењата за оптималната зачестеност на оброците се различни. Некои луѓе се убедени дека им помага повремен пост, други, пак, сакаат класични три оброци дневно.

Како и да е, факт е дека за одржување здрава телесна тежина во телото не треба да се додаваат повеќе калории отколку што се консумираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП