24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа повидок е договор на векот!

На повидок е договор на векот!

Cristiano-Ronaldo-Florentino-Perez

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез ги продолжуваат преговорите за новиот договор на Португлаецот. Според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија, претставниците на Роналдо бараат нето плата меѓу 18 и 20 милиони евра плус 100 проценти од јавните права на фудбалерот. Сега „CR7“ заработува по десет милиони евра и добива пари за 60 проценти од своите права.

Неуспешниот обид на Перез да го доведе Нејмар е позитивна вест за новиот договор на Кристијано. На Нејмар од „Сантијаго Бернабеу“ му биле понудени 11 милиони евра плус 70 проценти од правата што го иритирало Роналдо.

Понудата на „кралевите“ кон играчот од Мадеира во моментов е 14 милиони евра. Перес е подготвен да преговара и за јавните права на ѕвездата. Според списанието „Форбс“ минатата година Кристијано заработил 16 милиони евра од реклами и јавни настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП