21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТекилата - нов начин на слабеење

Текилата – нов начин на слабеење

Иако одамна да е познато дека алкохолните пијалоци го зголемуваат количеството на калории кои ги прифаќа нашиот организам, но новото истражување ја покажа врската помеѓу текилата и слабеењето.

Една студија спроведена од Американско хемиско здружение го испитува ефектот на текилата врз нивото на гликоза во крвта. Беше утврдено дека шеќерот во растението од кое се произведува текилата може да помогне да се намали шеќерот во крвта.

Природните шеќери пронајдени на растението агава се нарекуваат агавини. Не треба да се мешаме со агавениот сируп. Овој шеќер не се апсорбира од телото, што значи дека не го зголемува нивото на шеќер во крвта.

За време на истражувањето, научниците утврдиле дека глувците кои биле на стандардна диета, а потоа пиеле вода со додаден шеќер од агава започнале да јадат помалку и имале пониско ниво на шеќер во крвта, споредено со друга група глувци кои не земале таков шеќер.

Покрај тоа, глувците кои користеле шеќер од агава произведувале хормон наречен „GLP-1“. Тој е познат по тоа што нè тера да бидеме сити подолго време.

Исто така, предизвикува производство на инсулин. Ова ги тера научниците да мислат дека агавата може да биде корисна за луѓето со дијабетес или оние кои се борат со вишокот килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП