19 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(20.05 – 23.05.2013)

 

 

Неделата со четири трговски денови ја одбележа минимално тргување на Македонската берза. Вкупниот промет достигна само 16,1 милион денари (или просечно по 4 милиони денари дневно), додека двата индекси на акции забележаа позначителни неделни корекции во негатива. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од -1,53%, индексот МБИД пак забележа неделен пад од -2,28%. Најчувствителен беше падот на цената на акцијата на Макпетрол АД Скопје која загуби 14% од вредноста и цената на затворање во четвртокот беше 16.510 денари, додека на редовниот пазар најголем пад имаа акциите на Арчелормиттал, ЦРМ загуби 10% од вредноста, додека ХРМ 13,5%. Овие акции најмногу придонесоа во падот на вредноста на индексите на крајот од неделата.

Во групата најтргувани, повторно се издвоија Алкалоид Скопје со промет од 5,6 милиони и Комерцијална банка Скопје со 2,8 милиони денари. Покрај нив, само уште Макпетрол Скопје со 1,8 милиони и обврзницата за денационализација од 11-та емисија со 1,3 милиони денари, беа со промет од над милион.

На регионалните берзи и трета недела по ред се бележи пад на вредноста на индексите. SBI10 неделата ја заврши со посериозен пад од -1,66%, Crobex забележа неделен пад од -0,27%, Белградскиот Belex забележа пад од -2,45%, додека единствено софискиот Sofix имаше пораст од +1,83%.

Берзите во САД го прекинаа четиринеделниот континуиран раст на своите индекси и неделата ја завршија во црвена зона. Говорот на претседателот на ФЕД Бен Бернанке дека ќе се намали откупувањето на државни обврзници порано од очекуваното, придонесе некои инвеститори да ги реализираат двоцифрените заработки од изминатите недели. DOW JONES неделата ја заврши со намалување од -0,21%, NASDAQ неделата ја заврши со пад од -1,07%, а S&P 500 неделата ја заврши со пад од -1,00%. Под влијание на говорот на Бернанке и како резултат на лошите податоци кои пристигнаа од Кина за падот на производството во последниот месец, и европските берзи забележаа неделни падови, најголеми во последните 10 месеци. DAX забележа неделен пад од -1,78%, FTSE 100 ја затвори неделата со пад од -1,50%, додека францускиот CAC 40 имаше намалување од -1,64%. Азиските берзи најбурно реагираа на лошите економски податоци од Кина, па така NIKKEI 225 имаше неделно намалување од -4,71%, додека HANG-SENG забележа пад од -3,74%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП