19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на „Човекот во филмската камера“ како дел од Неделата на италијанскиот...

Проекција на „Човекот во филмската камера“ како дел од Неделата на италијанскиот јазик

Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Филмскиот фестивал „Џифони – Македонија“, вечерва со почеток во 19:45 ч. во киното „Фросина“ организира проекција на филмот „Човекот во филмската камера“. Филмот е во италијанско-македонска копродукција, а ќе биде прикажан по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот.

„Човекот во филмската камера“ е филм направен во чест на кинематографијата воопшто, како и на нејзините форми на изразување, за нивната сложеност и севкупност, а се справува и со отворените комплексни прашања, како што е транзицијата од аналогното на дигиталното. Перцепцијата на реалноста и филмското платно како алтернативна реалност се другите прашања со кои се соочува ова уникатно металингвистичко авторско дело.

Филмот на италијанскиот режисер и продуцент Микеле де Анџелис е италијанско-македонска копродукција, неговата македонска и светска премиера се одржа на неодамнешниот 38. Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а тука, во Скопје, ќе биде прикажан во рамките на XVII „Недела на италијанскиот јазик во светот“.

Филмот е со превод на македонски јазик, а влезот е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП