10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на графики од генијалниот Салвадор Дали во МКЦ

Изложба на графики од генијалниот Салвадор Дали во МКЦ

Во рамките на тринаесеттото издание на манифестацијата „Бела ноќ“, која оваа година ќе се одржи на 7 октомври, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде поставена изложбата на графики од генијалниот Салвадор Дали, „Помеѓу ѕвездите и басните“.

Оваа колекција е сочинета од дела од опусот „Вечерите на Гала“, „Божествената комедија“ и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“ или вкупно 29 дела од најголемиот надреалист.

Шпанскиот уметник ги илустрирал познатите басни како „Гавран и лисица“, „Коњи и волк“, „Лавовиот  двор“, „Болниот елен“. Оваа серија бакрорези е создадена во 1974 година и е печатена на 250 графички табли, кои се чуваат во многу галерии низ целиот свет.

Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија Висконти од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад и претставува серија од единаесет нумерирани и потпишани графики, кои ги илустрираат басните на Жан де Ла фонтен, како и неговиот портрет, виден со очите на Салвадор Дали и тринаесет графики од серијата „Зодијак“.

Изложбата ќе биде поставена до 7 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП