4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВи треба ужинка после тренингот? Пробајте го овој зеленчук

Ви треба ужинка после тренингот? Пробајте го овој зеленчук

Ако сте во потрага за совршена ужинка после тренингот, размислете за цвеклото.

Оваа супернамирница им помага на мускулите да закрепнат по интензивните вежби, нешто што го докажаа и научниците на универзитетот во Нортумбија. Тие испитале 30 мажи на возраст меѓу 18 и 28 години, кои вежбале барем два пати неделно.

Испитаниците имале задача да изведат 100 интензивни плиометрички вежби, а потоа во наредните три дена биле поделени во три групи од кои едната пиела 250 мл сок од цвекло, другата 150 мл од истиот напиток, а третата добивала плацебо со ист калориски и макронутритивнен состав.

Д-р. Том Клифорд, кој ја предводел студијата, утврдил дека кај лицата кои три дена пиеле поголема доза на сок од цвекло муксулите многу побрзо закрепнувале отколку кај отстанатите учесници.

Исто така, кај нив е забележано и намалување на воспалението на мускулите, што значи дека цвеклото може да биде корисно и за оние кои прават мали паузи меѓу два тренинзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП