Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

Масната храна кај децата го зголемува ризикот за развој на ментални болести

Време: 13:30

Датум: август 11, 2017

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Масната храна влијае на развојот на детскиот мозок, го зголемува ризикот за развој на ментални болести или Алцхајмер, покажаа резултатите од ново истражување.

Според студијата објавена во списанието Molecular Psychiatry, прекумерните количини на шеќер и масти го намалуваат нивото на протеинот реелин кој е клучен за поврзување на невроните. Без овој протеин функциите на мозокот се успоруваат, што влијае на однесувањето и на меморијата. Алармантно ниското ниво на реелинот се поврзува со драстично високиот ризик за развој на Алцхајмерова болест во подоцнежниот живот.

„Промените кои се случуваат се резултат на конзумирање на масни производи кои влијаат на мозокот” – рече еден од истражувачите Урс Мајер.

Мајер оваа теорија ја истражувал со колегата Паскал Чавис од францускиот Институт ИНМЕД. На нивно изненадување, мозочните функции на глувци станале побавни веќе по четири недели од конзумирање на маснотии и шеќери. Оштетувањата на мозокот биле видливи преде да почнат глувците да добиваат на тежина.

Студијата е насочена на дел од мозокот кој е поврзан со донесување на одлуки, изразување на личноста, контролирање на однесувањето и планирање на посложени активности. Реелинот ги регулира врските меѓу невроните дозволувајќи им да станат посилни или послаби кога тоа е потребно.

„Нашето истражување покажа дека квалитетот на храната која ја јадат тинејџерите може да биде многу важен за оптимално созревање на префронталниот кортекс” – вели мари Лабуес, главна авторка на студијата.

Истражувачите тврдат дека добиените резултати можат да помогнат во објаснувањето како нездравата храна и дебелината се поврзани со развојот на невропсихијатриските и невролошките состојби.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Зајакнете го имунолошкиот систем со чичоката

    Зајакнете го имунолошкиот систем со чичоката

    Лекарите ја препорачуваат, сирова или варена, во секојдневната исхрана и тоа во неограничени количини. Доцната есен е сезоната на чичоката, дивиот компир или Ерусалим артичоката. Лекарите…

  • Конзумирајте ги овие намирници за подолг и поздрав живот!

    Конзумирајте ги овие намирници за подолг и поздрав живот!

    Следните седум намирници набавете ги и консумирајте ги почесто, бидејќи со нивната консумација, ќе го спречите и намалите ризикот од бројни болести. Авокадо Маслото во…

  • Имате бавен метаболизам, има начин како да си помогнете!

    Имате бавен метаболизам, има начин како да си помогнете!

    Брзиот метаболизам кај некои луѓе е генетски предодреден. Генерално земено, мажите имаат побрз метаболизам од жените, но сепак не секој има доволно брз метаболизам. Брзиот…

  • Зошто е важно да го користите компирот во исхраната! (видео)

    Зошто е важно да го користите компирот во исхраната! (видео)

    Компирот е најкористената намирница во континенталната исхрана. го подготвуваме на различни начини, а денес е тешко да се замисли диета без компир. Неговите љубителите ќе…

  • Енергетските пијалоци се штетни за вашето тело!

    Енергетските пијалоци се штетни за вашето тело!

    Здравствените експерти објавија предупредување за учинокот на енергетските напитоци кои се преполни од шеќер, кофеин и различни стимуланси. Научниците тврдат дека пиењето на само еден…

  • Не го игнорирајте заморот, може да ве донесе до фаза на депресија

    Не го игнорирајте заморот, може да ве донесе до фаза на депресија

    Ако веќе подолго време сте под стрес, треба да обрнете вимание на неколку симптоми. Имено, според истражувањата стресот ве наведува на неколку навики кои генерално…

  • Напитокот кој прави чуда – црна лимонада

    Напитокот кој прави чуда – црна лимонада

    Освен што оваа лимонада е црна и со самото тоа е посебна и различна од било кој домашен напиток, оние кои ја пијат велат дека…

  • Намалете го холестеролот со користење на кечап!

    Намалете го холестеролот со користење на кечап!

    Кечапот не само што е вкусен додаток во пиците и другите тестенини, туку е и состојка која во прилична мера делува на зголеменото присуство на…

  • Намалете ја нервозата со помош на целерот!

    Намалете ја нервозата со помош на целерот!

    Тајната се крие во богатството од магнезиум, калиум и калциум со кои оваа билка располага, што влијае на ублажувањето на напнатоста. Освен тоа, високиот процент…

  • Ова е најдобрата активност за намалување на килограмите

    Ова е најдобрата активност за намалување на килограмите

    Поради големиот број на теретани и различните фитнес програми често забораваме на онаа најевтината, но најделотворна активност која сигурно ќе ви донесе најбрзи резултати при…