15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Една декада од почетокот на финансиската криза

График на денот: Една декада од почетокот на финансиската криза

Почетокот на глобалната финансиска криза може да се бара пред точно 10 години – тогаш почнуваат серија шок бранови и банкарски банкроти, кои доведуваат до најголемата светска рецесија по долг период на време, како и до деценија на слаб раст и болно опоравување, пишува „Ројтерс“.

На 9-ти август 2007-ма година, Европската централна банка инјектира итно на пазарите милијарди евра за да спречи колапс на европскиот банкарски систем, откако француската банка „BNP Paribas“ станува уште еден кредитор кој ја запира исплатата на средства на инвеститорите, вгнездени во три инвестициски фондови со изложеност кон американските хипотекарни хартии од вредност.

Тогаш од „BNP Paribas“ признаваат дека не можат да пресметаат колку чинат овие инвестиции – во американскиот имотен пазар – и дали воопшто вредат нешто. Така во пракса банката станува првиот голем кредитор кој ги признава последиците од изложеноста кон пазарите на високоризични хипотекарни обврзници во САД. Изјавата на француската банка предизвикува паника, која станува параноја, бидејќи довербата меѓу финансиските институции во светот испарува, коментира „БиБиСи“.

Во наредните 18 месеци следат серија колапси во Велика Британија, САД, Германија и други земји. Во септември 2007-ма година, на пример во Велика Британија се случува првата банкарска паника од 1866-та година, кога штедачи се редат пред „Northern Rock“, за да ги повлечат своите пари.

Кулминацијата доаѓа кога американската банка „Lehman Brothers“ банкротираше во септември 2008-ма година, предизвикувајќи светска финансиска паника.

Помеѓу крајот на 2008-ма година и почетокот на 2009-та година голем број економии почнуваат да паѓаат во рецесија и централните банки почнуваат координирано да ги намалуваат каматните стапки.

Следуваат длабока глобална рецесија и спасувачки пакети од американската влада, Федералните резерви на САД и останатите економии од Г-20. Во јуни 2009-та година Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), вели дека светската економија е блиску до дното на најтешката рецесија од Втората светска војна наваму.

Кризата пробива огромна дупка во државните финансии на голем број земји, бидејќи остриот економски пад води и до исто толку нагло намалување во даночните приходи.

„10 години подоцна економијата во Европската унија се прошири петта година по ред, а невработеноста е на најниско ниво од 2008 година, банките се посилни, инвестициите се забрзуваат, а јавните финансии се во подобра форма“, пишува во соопштението на Европската комисија.

„Економските случувања во последно време се охрабрувачки, но има уште многу да се прави за да се надмине наследството од кризните години“, се вели уште во текстот.

Во САД експанзијата трае веќе 8 години, а во декември 2015-та година, Федералните резерви почнаа историското зголемување на каматните стапки, кои речиси 10 години беа речиси нула. Пазарите очекуваат и Европската централна банка да сигнализира кога ќе ја смали обемната програма за стимулации, воведена по должничката криза во еврозоната.

Економската активност во еврозоната се опоравува

Инвестициите во еврозоната исто закрепнуваат

Невработеноста во еврозоната е најниско ниво од 2009 година, но останува висока

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП