3 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИДиетата на НАСА

Диетата на НАСА

Оваа диета е составена во 70-те години и била наменета за астронаутите на НАСА. Целта е драстично да се намали телесната тежина и тоа 5-7 килограми за 12 дена.

Исхраната во оваа диета е неизбалансирана и затоа не се препорачува да ја држите подолго од предвиденото. Менито е за 4 дена, и се повторува 3 пати последователно, вкупно 12 дена, доколку не можете да издржите повторете го само два пати, или вкупно 8 дена. Пожелно е дополнително да користите мултивитамини.

ПОСЛЕ БУДЕЊЕ се пие големо количество на вода.

ПОЈАДОКОТ се состои од кафе или чај и сок од 1 грејпфрут

1 ДЕН

РУЧЕК: 300 гр боранија, 2 тврдоварени јајца, зелена салата со сол и бибер

ВЕЧЕРА: риба на скара, зелена салата со сол и бибер, 1 јаболко

2 ДЕН

РУЧЕК: тиквици, боранија, зелена салата со сол и бибер

ВЕЧЕРА: 1 парче риба печена во фолија, 1 домат, зелена салата со сол и бибер, 3 сливи во млака вода

3 ДЕН

РУЧЕК: боранија, 2 тврдоварени јајца, сок од домат

ВЕЧЕРА: салата од морски плодови со целер и пиперка

4 ДЕН

РУЧЕК: боранија, 2 тврдоварени јајца, сок од домат

ВЕЧЕРА: печена риба, зелена салата со сол и бибер, 1 јаболко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП