3 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Трансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2) што се јавува за време на трансакциите со биткоини моментално изнесува 98 милиони тони, објавија швајцарските медиуми.

За споредба, емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во Швајцарија изнесува околу 41 милион тони годишно, објавува порталот Swissinfo.

Како за споредба, само една трансакција со оваа криптовалута моментално емитува речиси исто толку CO2 како гледање 105.000 часа видеа на YouTube или обработка на 1,4 милиони трансакции со Visa картичка.

Мрежата на трансакции со биткоини се базира на решавање на комплицирани криптографски загатки, а овој процес е познат и како рударство.

Во рударството, многу играчи се натпреваруваат едни со други, но на крајот победува само еден, трошејќи многу електрична енергија, што често доаѓа од потрошувачката на фосилни горива, што доведува до високи емисии на CO2, според Swissinfo.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП