6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувано: BoE ги остави каматите непроменети

Очекувано: BoE ги остави каматите непроменети

Очекувано Англиската централна банка (Bank of England) ја остави без промена водечката камата на нејзиниот рекорден минимум од 0,25 проценти, пренесува „Bloomberg“.

Исто без изненадување одлуката е донесена со 6 гласа „за“ и два гласа „против“, какви што беа прогнозите на повеќето економисти, откако забавувањето на инфлацијата ги замолчуваше повиците за зголемување на показателот.

Комитетот за монетарна политика на институцијата гласаше да се задржи нивото на водечката камата во позадина на несигурноста за економските перспективи на Велика Британија, додека земјата се подготвува за излегувањето од ЕУ.

Некои економисти повикуваа водечката камата да биде укината, откако во мај инфлацијата се забрза на 2,9 отсто – доста над целното ниво од 2 отсто. Таа сепак се забави до 2,6 отсто во јуни, намалувајќи го притисокот за зголемување на каматите.

Истовремено „ВоЕ“ ги намали прогнозите за економскиот раст и платите по слабиот старт на годината за економијата.

Прогнозите на „ВоЕ“ продолжуваат да се прават врз основа на „мек“ Brexit и се базираат на зголемување на каматите до третиот квартал на 2018-та година. Сега се предвидува економски раст од 1,7% оваа година и 1,6% за 2018-та година претходните прогнози беа за раст од 1,9% и 1,7%.

Досега има малку индикатори дека растот на платите ќе се забрза, иако невработеноста е на најниско ниво од 70-тите години на минатиот век.

Реалните плати ќе се намалат за 0,5% во оваа година според новата прогноза на „ВоЕ“. Просечните неделни примања ќе се подобрат во 2017-та година, но со побавно темпо отколку што се претпоставуваше.

Невработеноста во Велика Британија е на 40-годишен минимум, а инфлацијата е над целта утврдена од банката. Овие факти го поддржуваат зголемувањето на каматата.

Од јуни сепак податоците покажуваат дека економијата го забавила растот до најниско ниво од 2012-та година во првото полугодие, инфлацијата се намалила, а растот на платите останува слаб.

Освен тоа почетокот на преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ беше тешко, а многу компании се немирни за последиците од „Brexit“.

Во меѓувреме беше објавен и новиот извештај за индексот на менаџерите на испораките (PMI), подготвен од „IHS Markit“ и Британскиот институт за купување и снабдување „CIPS“, кој се зголемил до 53,8 поени во јули во однос на четиримесечниот минимум од 53,4 поени во јуни или малку над прогнозите на економистите. Анализата покажува дека бритнската економија изгледа наместена за „стабилен, но несовесен“ раст во следните месеци, а бизнисот останува со мрачни ставови за изгледите пред „Brexit“.

Податоците за услужниот сектор се додаваат кон знаците дека британската економија се стреми да собере инерција по најлошиот почеток на годината по 2012-та година, и се во поддршка на зачувување на историски најниска камата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП