1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто координацијата помеѓу централните банки во светот е речиси невозможна?

Зошто координацијата помеѓу централните банки во светот е речиси невозможна?

Нема таен договор меѓу централните банки во светот за затегнување на монетарната политика, но потенцијалните ефекти од нивните дејства врз финансиските пазари значат дека тие сакаат подобро меѓусебно разбирање на мотивите, пишува „Ројтерс“.

Минатата недела претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги уште еднаш повика на повеќе разговори меѓу глобалните централни банки и тоа предизвика сомневања дека во последно време регулаторите разговарале повеќе отколку што признаваат.

Токму ЕЦБ и регулаторите во Велика Британија, Канада и Норвешка изненадувачки зафатија построга позиција за монетарната политика, а се очекува тоа да го следат централните банки во Шведска и Австралија.

„Трејдерите“ стануваат сомнителни, бидејќи претстои средбата на Банката за меѓународни порамнувања во Швајцарија, каде претставниците на централните банки заседаваат и ги затајуваат медиумските настани.

Централните банкари од двете страни на Атлантикот велат дека често разговараат за состојбата на економијата за време на неформални средби, но со цел за подобро разбирање, а не координација на политиките, бидејќи секоја банка дејствува независно. Централните банки имаат различни мандати и располагаат со различни алатки. Покрај тоа, секој сигнал дека регулаторот ја покорува внатрешната политика на интересот на странска централна банка би било „ПР“ катастрофа. Ова ја прави координацијата на политиките, да не зборуваме за соработката, практично невозможна, велат изворите на „Ројтерс“.

„Можете ли да замислите Драги да каже пред Управниот одбор или пак само пред одборот: Благодарам што дојдовте, но веќе се договорив со Илејн. Колку брзо ќе истече ова во медиумите?“, вели анонимен извор од ЕЦБ.

Иако централните банки сами ги донесуваат своите одлуки, тие имаат широки импликации врз валутите, цените на обврзниците и дериватите. Затоа транспарентноста на политиката, која е клучна предност на седниците, ги подготвува регулаторите за она што може да се очекува, на тој начин се ограничува пазарната нестабилност.

„Колку повеќе можеме да зборуваме меѓу себе и да комуницираме со пазарите на начин кој не ја зголемува несигурноста, толку повеќе тоа би ни помогнало. Потребата е присутна, но не е лесно да се постигне“, рече Драги минатата недела во Синтра, Португалија.

Таквата соработка не е нешто ново. На крајот на 2008-ма година, кога кризата излегуваше надвор од контрола редица централни банки, вклучувајќи ги ФЕД во САД, ЕЦБ и швајцарскиот регулатор ја намалија координирано каматната стапка. Во 2011-та година, напорите од страна на централните банки од земјите од Г-7 помогнаа за стабилизирање на јенот по катастрофалниот земјотрес и цунамито.

Извор на „Ројтерс“, запознат со ставовите на ФЕД, исто ги урна надежите за координација меѓу централните банки. Во предвид зголемената контрола од страна на Конгресот, секоја претпоставка дека ФЕД ја покорува политиката на тајни договори со други банки, може сериозно да наштети на имиџот на институцијата. Затворените седници често се повеќе технички и подетални во предвид дека се наменети за стручна публика. Покрај тоа, тие овозможуваат отворена дискусија која веројатно не би била соодветна за општеството, посочува уште анонимен извор на „Ројтерс“.

„Никогаш не сум слушнал Илејн или Карни да разговараат нешто што не било веќе објавено под една или друга форма“, вели друг извор од Европа, кој претходно присуствувал на затворени седници.

Истовремената промена во тоновите во последно време сепак не е случајност.

Реконструкцијата се забрзува и кога голем број изјавуваат попозитивни ставови за економијата, е полесно и за банките да го направат јавно, бидејќи ризикот од пазарна нестабилност се намалува.

Но има голема разлика во тоа како различните централните дејствуваат. ФЕД има т.н. двоен мандат за управување со инфлацијата и невработеноста, додека ЕЦБ се грижи за состојбата на еврозоната, која беше на работ на колапс пред неколку години.

И иако Јапонската централна банка исто гледа напредок, таа се уште вели дека е далеку од затегнување на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП