По излегувањето на Велика Британија од ЕУ, еврозоната ќе претставува 85% од бруто домашниот производ (БДП) на заедницата, коментира еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи.
„Тоа сугерира за централната улога што ќе ја игра еврото во заедницата“, рече тој.
Според него во таква ситуација одлучувањето во еврозоната треба да биде транспарентено и на демократски начин. „Одлуките зад затворени врати за судбината на Грција, без демократска отчетност, е нешто што не може да трае вечно“, рече Московичи.
За комесарот е потребно уште и создавање на специфични институции за монетарната унија – спасувачки фонд, буџет и еден министер за финансии.
Пред неколку дена Московичи и комесарот за еврото Валдис Домбровскис ги презентираа плановите на Брисел за комплетирање на монетарната унија. Но, каде е местото на Грција во него, се прашува за возврат „Катимерини“.
Според изданието, ако поднесените механизми постоеле од почетокот на создавањето на еврозоната, земјата немаше да западне во толку тешка криза.
Во последните години беа направени многу грешки – и од страна на Грција, и од страна на доверителите, додава грчкото издание. Сега единствениот проблем е дека земјите не си веруваат, а иднината на еврото се гради токму на довербата.