6 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета во која се вклучени само 10 намирници, а ветува намалување на...

Диета во која се вклучени само 10 намирници, а ветува намалување на 5 кг

Диетата со 10 намирници можете да ја држите 7 дена, но може и да ја повторите без прекини, односно да ја продолжите на 14 дена…

10-те намирници кои се дозволени се консумираат секојдневно, а се комбинираат по ваш избор, но вкупното количество на храна во денот не треба да надминува 1,5 кг.

Пожелно е сите производи кои можат да се јадат свежи, да не подлежат на термичка обработка. Ако е потребно, препорачливо е термичката обработка да биде варење или печење, без масла.

Диетата со 10 намирници за 14 дена ви ветува намалување на 5 килограми.

Листа на 10-те намирници кои се дозволени во оваа диета:

– Пилешко филе

– Јајца

– Јогурт

– Домати

– Краставици

– Тиквички

– Бела зелка или карфиол

– Модар патлиџан

– Печурки

– Јаболка

Дополнителни производи кои се дозволени во исхраната: 1 мала главица кромид, 1 мала лажичка мед, 1 лажиче маслиново масло, зелен чај, лук, копар, магдонос и лимон. Количеството на вода е неограничено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП