19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Доматната војна“ со Турција носи загуби од 1,5 милијарди долари за Русија

„Доматната војна“ со Турција носи загуби од 1,5 милијарди долари за Русија

Од 15-ти март Турција ја исклучи Русија од листата со земји кои увезуваат со нула должност за земјоделските производство во земјата. Ова е само една од епизодите на т.н. „Доматна војна“ меѓу двете држави – Русија не дозволува увоз на некои земјоделски производи од Турција, меѓу кои со најголемо значење се доматите.

Со затоплувањето на односите меѓу двете држави постепено продолжува увозот на земјоделските производи од Турција – главно цитруси, кромид, брокула, но за доматите фитосанитарните власти во земјата така и не даваат зелено светло. Во одговор на тоа Анкара ги зголеми царините – за пченицата зголемувањето е од 130%.

Увозот на овие стоки беше забранет со одлука на претседателот Владимир Путин, откако турските воздухопловни сили го соборија рускиот воен авион во крајот на 2015-та година. Односите меѓу Анкара и Москва почнаа да се нормализираат неколку месеци подоцна, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги поднесе своите официјални извинувања за инцидентот.

Економскиот институт „Е.Т. Гајдар“ направи преглед на загубите и придобивките за руската економија од развојот на „воените дејствија“ во сферата на земјоделството меѓу двете земји. Оценката е дел од анализата, која Институтот ја направи за развојот на руската економија во април. Документот е објавен на страницата на организацијата.

Според податоците, ограничувањата кои Москва ги наметнува на турските производители, и создаваат проблеми на домашните производители на домати и краставици во вредност од околу 500 милиони долари. Во исто време, сепак, поради обновените оданочувања со извозот, ефектот врз извозниците на жито, растителни масла и други се пресметува меѓу 1,3 и 1,5 милијарди долари.

Општо земено на пазарот во регионот нема недостаток на жито, туку на платежоспособни купувачи, сметаат аналитичарите од Институтот. Доказ за тоа е намалувањето на цените на житото и на растителните масла во последните месеци.

Од Институтот „Гајдар“ посочуваат уште дека доматите од Турција се важни и за корисниците во Русија, не само за турските извозници. Според податоците од минатата година 43% од увозните домати во земјата се со потекло од Турција. По ограничувањата Москва ја разви програма за поттикнување на домашното производство. Тоа е и една од причините на руските власти за зачувување на ембаргото – мерките за локалните производители се финансирани од државниот буџет.

Поради трговската војна меѓу Русија и Турција сепак руските корисници биле лишени од можноста да купат поевтини домати, запишано е уште во анализата на економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП