11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТренинг за најподготвените: 5 вежби за целото тело (видео)

Тренинг за најподготвените: 5 вежби за целото тело (видео)

Повторувајќи ја по 100 пати секоја од овие класични вежби ќе ги стопите масните наслаги и ќе го подготвите телото за екстремни напори.

Ова е едноставна, но во исто време многу ефикасна тренинг програма креиран од Кем Бејернс. Неговата голема предност е во тоа што може да се одработи било каде, од станот до паркот па се до теретаната. Единствениот реквизит кој ви е потребен е бенч клупата, или некој сличен импровизиран предмет од вашиот стан или во природата.

Овие пет вежби кога се комбинираат ги погодуваат сите мускулни групи во телото. Поради големиот број на повторувања и минималните паузи, значително ќе го забрзате метаболизмот.

Програмата правете ја во следниот редослед: или со 10 повторувања во 10 рунди, или со 25 повторувања во 4 рунди.

Вежби

– чучњеви

– склекови

– сплит чучњеви

– полустомачни

– трицепс пропаѓање

Погледнете го видеото…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП