21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Русија ја продаде Аљаска на Американците?

Зошто Русија ја продаде Аљаска на Американците?

Пред 150 години Русија и ја продаде Аљаска на Америка за симболични 7,2 милиони долари. Само во владеењето во првите 50 години Американците заработиле барем сто пати повеќе. Многу руси и ден денес не можат да се помират, па се створени многу легенди во врска со таа трговија.

Се зборувало дека Аљаска е продадена поради долгови, била донирана, отстапена под наем. Се зборувало дури и дека Американците со измама им ја одземале на Русите. Одлуката за продажбата не била одма договорена, туку се преговарало неколку години.

Тогаш, рускиот цар испратил свој претставник кој преговарал во Вашингтон верувајки дека им продал огромно диво пространство кое нема ништо освен снег и мраз. Освен тоа, причината за продажба биле и финансиските потешкотии на Русија и страв дека други светски сили би можеле да преземат ја контролата над територијата.

Рускиот цар по тоа прашање имал многу свои истомисленици. Имало и такви кои ја предвиделе експанзијата на САД и кои мислеле дека продажбата на Аљаска ќе придонесе за подобри партнерски односи со Америка. Освен тоа, се сметало дека Русија треба да се фокусира на зајакнување на позициите во Азија. Уште еден аргумент е што Русија со тек на време би и било многу тешко да ги штити своите далечни територии.

“Продажбата на Аљаска беше практично неизбежна”, во изјава за Спутник, вели историчарот и водечки научен советник на Институтот за општа изторија на Русија, Александар Петров.

Основната идеја припаѓала на големиот кнез Константин Николајевич, суштината се сведувала на три тези. Прво морале да се фокусираат на развојот на Амура и Далечниот исток. Второ, руско-американската компанија која работела на таа територија била непрофитабилна. И на крај, Аљаска и онака ќе ја изгубеле, бидејки е под јако влијание на САД, кои се во развој, и порано или подоцна ќе ја освојат таа територија. Тоа се трите тези, а биле и други аргументи. Во принцип, ако внимателно се анализира теоретски би било можно да се задржи Аљаска, но за тоа била неопходна вољата на државата.

Меѓутоа, во тоа време Русија имала други проблеми. Кримската војна само што завршила, а парите биле потребни за обновување на флотата и војската, но и за други бројни планирани реформи.

Постои мислење дека Аљаска е дадена многу евтино. За 1,5 милиони квадратни километри земја Американците платиле само 7,2 милиони долари или помалку од 5 центи за еден хектар. Меѓутоа, Америка нудела значително помал износ од тоа-само 5 милиони долари, но руската страна успеала да се истргува и да извлече уште неколку милиони.

Сепак, многу во Русија сметаат дека продажбата на Аљаска е огромна грешка и краткорочна одлука.

Се до 1959 година Аљаска не ни била официјално американска држава, наводно поради “економската заостанатост”. Првата причина, како што некои верувале дека Американците чекале да поминат 90 години, за кои многу тврдат дека во договорот од 1867 година Ањаска не е продадена, туку само изнајмена. Сепак, Хрушчов во 1957 година потврди дека САД го поседува правото на сопственост врз Аљаска.

Само две години подоцна, Аљаска стана 49-та држава на САД, откако претседателот Двајт Ајзенхауер потпиша право на сопственост и спроведување на промена на бројот на ѕвезди на американскот знаме.

“Околу оваа трговија отсекогаш имало многу гласини”, вели Петров.

“Договорот за продажбата на Аљаска може да се толкува на повеќе начини, а познато е дека договорот бил на англиски и француски јазик. Освен тоа, постојат и таканаречени тајни протоколи и трансакцијата се одвивала во тајност. Дури и руско-американската компанија која управувала со територијата не била запознаена со тоа. Се тоа доведе до многу гласини и шпекулации”, додава експертот Петров.

Уште едно прашање кое до ден денес предизвикува полемики во руската јавност е на што се потрошени парите од продажбата на Аљаска. Според историските податоци парите биле потрошени за изградба на железничка пруга во Русија и за купување на локомотиви од Германија.

Меѓутоа, за купувањето на Аљаска имало бурни негодувања и во Америка. Земјата сеуште не била опоравена од граѓанската војна помеѓу северот и југот, а се фрлале пари на “замрзната земја”.

“Што ќе прават Американците на таа земја со мраз и 50 диви ескими кои за доручек пијат рибино масло”?- протестираше печатот во САД, а против купувањето биле и Сенатот и Конгресот. Сепак, на 30 март 1867 година во Вашингтон бил потпишан споразум за продажба на пола милион хектари руска територија на САД, а сите негодувања престанаа кога американците на тоа земјиште најдоа злато.

Весниците пишувале за грутките злато со големина на пилешко јајце, кои ги имало по цела Аљаска. За само неколку дена Америка ја зафатила “златна треска”. Реки од луѓе оделе во северниот дел надевајки дека ќе се обогатат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП