22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогаташите „заработија“ уште 237 милијарди долари во 2016-та (график+видео)

Богаташите „заработија“ уште 237 милијарди долари во 2016-та (график+видео)

bogi-000

Во годината кога популистичкото гласање ја прекрои власта и политиката во Европа и светот, најбогатите луѓе ја завршуваат 2016-та година со 237 милијарди долари повеќе во банкарските сметки, отколку што имаа во почетокот на годината, пишува „Bloomberg“.

По разочарувачките економски податоци од Кина во почетокот на годината, британското гласање за излез од Европската унија (ЕУ) во средината и изборот на американскиот милијардер Доналд Трамп за претседател на САД на крајот, богатството на милијардерите помина низ дневни подобрувања и падови на нето вредноста од 4,8 илјади милијарди долари. На крајот на годината сепак билансот покажува пораст со 5,7% до 4,4 илјади милијарди долари, покажува „Bloomberg Billionaires Index“ по крајот на трговијата на 27-ми декември.

„Годината беше нестабилна за најбогатите луѓе во светот, но во целина 2016-та година беше импресивна година за ризичните активи“, коментира Симон Смајлс, главен инвестициски директор во „UBS Wealth Management“.

bogi-001

Со раст на богатството води Ворен Бафет, кој придодаде 11,8 милијарди долари кон своето богатство во оваа година, откако неговата инвестициска компанија „Berkshire Hathaway Inc.“ се радуваше на поскапување на акциите по победата на Трамп на претседателските избори на 8-ми ноември. По изборот на новиот сопственик на Белата куќа се зголеми богатството на Бафет со над 19% до 74,1 милијарди долари, зацврстувајќи го неговото место на вториот најбогат човек во светот.

„2016-та година дефинитивно беше година во погон со настаните и вестите во светски рамки, а не од основните анализи“, коментира Мајкл Кол, претседател на „Ascent Private Capital Management“, која управува со околу 10 милијарди долари. Според него во моментов пазарите се движат со верувањето дека Трамп ќе дојде и ќе регулира големи делови од економијата.

Податоците покажуваат дека поголем дел од профитот заминал во рацете на Американците кои се наоѓаат на четирите од петте најголеми зголемувања во индексот, меѓу кои е и основачот на „Microsoft Corp“, Бил Гејтс – најбогатиот човек во светот со богатство во износ од 91,5 милијарди долари. Заедно до него е и нафтениот магнат Харолд Хам.

Всушност поголем дел од богаташите се противат на изборот на Трамп за претседател, меѓу кои е и милијардерот и сопственик на кошаркарскиот тим Далас Маверикс, Марк Кубан, кој рече дека акциите ќе пропаднат со 20% при победа на Трамп.

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, сопственик на компанијата „LVMH“, е единствениот неамериканец во Топ 5 на богаташите со најголем раст на богатството во 2016-та година. Неговото богатство е зголемено во текот на годината со 7,1 милијарди долари до 38,9 милијарди долари.

bogi-002

Бил Гејтс останува најбогатиот човек во светот. Шпанскиот претприемач и основач на синџирот продавници „Zara“, Амансио Ортега е најбогатиот човек во Европа. Тој беше на второ место по богатство во светот, пред да го отстапи на Бафет во ноември. Така сега Ортега ја зазема третата позиција со средства во вредност од 71,2 милијарди долари.

Богатството на нафтениот милијардер Харолд Хам беше поддржано од зголемените цени на „црното злато“ и очекувањата администрацијата на Трамп да ги намали регулациите во секторот. Хам додаде 8,4 милијарди долари кон својот статус, па така практично речиси двојно го зголеми богатството до 15,3 милијарди долари. Тој е првиот по богатство меѓу останатите 49 милијардери во сферата на енергетиката, металите и рударството, кои најдобро се претставија во годината во категоријата со раст на вкупното богатство во износ од 80 милијарди долари во споредба со 32 милијарди долари во 2015-та година.

Богатството на браќата Чарлс и Дејвид Кох се намали за 2 милијарди долари за секој, откако „Koch Industries“ соопшти дека годишните приходи ќе бидат во износ од 100 милијарди долари во споредба со почетната прогноза за 115 милијарди долари.

По категории на второ место меѓу најдобро претставените во текот на годината се богаташите чиј бизнис е поврзан со технологијата. Во оваа категорија спаѓаат 55 милијардери кои придадоа 50 милијарди долари кон своето богатство во изминатава година, и покрај загриженоста дека Трамп може да воведе политики кои може да влијаат на нивните компании.

bogi-003

Основачот на „Amazon“ Џеф Безос, кој го удвои своето богатство до 60 милијарди долари во 2015-та година, води по профитот меѓу технолошките бизнисмени, зголемувајќи ги средствата за 7,5 милијарди долари во 2016-та година. По него во рангирањето е основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг кој додава 5,4 милијарди долари во текот на годината на своето богатство.

Во исто време некои од милијардерите надвор од границите на САД не успеаја да профитираат од победата на Трамп и беа погодени од променливите цени на суровините и поскапувањето на доларот. Најголемите губитници во текот на годината се надвор од САД, предводени од вториот најбогат човек во Кина Ванг Џиенлин кој загуби 5,8 милијарди долари. Така тој ја завршува годината на 21-то место по богатство со 30,6 милијарди долари.

Растот на азиското богатство го сврте правецот за првпат по пет години, кога започна индексот на „Bloomberg“. Најбогатите Кинези загубија 11 милијарди долари во 2016-та година, со оглед на падот на „Shanghai Shenzhen CSI 300 index“ и поевтинувањето со 7% на јуанот во однос на доларот.

Основачот на „Alibaba Group Holding Ltd.“ Џек Ма ќе ја испрати годината со средства во вредност од 33,3 милијарди долари, додавајќи 3,6 милијарди долари во 2016-та година.

Кина има 31 милијардери во индексот со 262 милијарди долари богатство, заостанувајќи зад САД, која има 179 милијардери, кои контролираат 1,9 илјади милијарди долари. Германија со 39 богаташи се наоѓа листата со 281 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП