27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапската пролет го чинела регионот над 600 милијарди долари

Арапската пролет го чинела регионот над 600 милијарди долари

arab-spring3

Арапската пролет од 2011-та година ги чинела економиите во регионот изгубен раст од 614 милијарди долари поради владините промени, тековниот конфликт и смалувањето на цените на нафтата, покажуваат податоците на „ОН“.

Според Економската и социјална комисија за Западна Азија (ESCWA) до крајот на минатата година тоа е еднакво на 6% од БДП-то. Проценката е добиена врз основа на прогнозите за растот, направени пред почетокот на револуцијата. Ова се првите податоци кои глобалната економска организација ги објавува за загубите предизвикани од Арапската пролет.

Во декември 2010-та година избувнаа протести во Тунис, кои доведоа до првата серија од револуции, познати како Арапска пролет. Подоцна беа отфрлени четворица лидери, а Јемен, Сирија и Либија беа вовлечени во војна. Во шестте години на конфликт само Сирија регистрираше капитални загуби од 259 милијарди долари од 2011-та година, покажуваат податоците на Националната програма за иднината на Сирија, која е друга програма на ОН.

Цените на нафтата почнаа да се намалуваат во средината на 2014-та година и достигна 13-годишен минимум во јануари, што се одрази негативно на земјите производители, како Саудиска Арабија, и на други – како Либан, кои се потпираат силно на парите што ги испраќаат нејзините граѓани кои работат во земјите од Персискиот залив.

Според Мохамед ел Моктар Мохамед ел Хасен, директор на одделот за „Економски развој“ на „ESCWA“, падот на цените на нафтата веројатно ќе се одрази позитивно на земјите производители.

„Тие ќе одржат економски реформи кои ќе доведат до вистинска диверзификација”, изјави тој за „Reuters“.

Во исто време, сепак, регионот има потреба од поголема финансиска поддршка од меѓународната заедница.

„Видовме во Латинска Америка, Источна Европа и Балканот поддршката што тие ја добија за да се обноват по конфликтите. Досега не сме виделе ваква поддршка во арапскиот регион“, вели Хасен.

Според „ESCWA“ има одреден напредок во социјалните индикатори, како сексуалната еднаквост во Блискиот Исток.

„Но земјите во регионот, кои се наоѓаат во период на политичка транзиција и се опфатени со конфликти, отстапиле по бројни социјално-економски индикатори во последните пет години“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП