Хангжу во пресрет на самитот на Г-20 е неверојатен град. Една третина од населението било замолено да го напушти градот, а на секој чекор се гледаат нови капацитети за безбедност, пишува „ВВС“.
Фабриките во радиус од стотици километри престанаа со работа, смогот, предизвикан од загадувањето, беше распрснат, а небото стана „сино како за Г-20“. Самитот на клубот на богатите, кој ќе се одржи овој викенд, покажува дека кога една држава со еднопартиско владеење ќе си постави некаква цел, таа може да ги подигне напорите на целата нација и да им нареди на луѓето да работат за нејзино постигнување.
Г-20 навистина е важна за Кина. По првата средба на врвот во Вашингтон на крајот на 2008-ма година, овие собири се забораваат релативно брзо. Но 2008-ма година беше важна за кинеските лидери. Со глобалната финансиска криза Пекинг престана да верува дека има нешто неотповикливо во начинот на кој западните сили управуваат со глобалната економија.
Додека другите економии забавија, Кина започна жестоко искачување во хиерархијата на БДП-то до второ место и истовремено со тоа започна кампања за претворање од аутсајдер во централен играч во управувањето на глобалната економија.
Покрај бавниот раст во последните месеци, Кина продолжува да си поставува високи цели. Впрочем, настаните оттогаш само го засилуваат убедувањето дека економската моќ се менува на Исток и дека ако тоа не е ерата на Азија, тогаш барем е ерата на Кина.
Листата на докази кои даваат основа за слични убедувања, вклучува и сопствените глобални брендови во Хангжу. Во градот се наоѓаат неколку гиганти, меѓу кои и „Alibaba“. Тие се меѓу корпоративните чуда на Кина, кои сфатија како да го стимулираат огромниот внатрешен пазар, штрајкот на работната сила и речиси безграничниот капитал, а во исто време „голтаа“ во странство секакви хранливи материи за раст кои им недостигаат дома. Градот-домаќин е подготвен да ја сподели својата мудрост и современите решенија со светот.
Кина се надева по некое време светот ќе погледне назад и ќе го утврди самитот на Г-20 во Хангжу како моментот во кој земјата изгледала како подобар чувар на управувањето со глобалната економија, отколку САД, парализирана од отровните политики дома и проблеми во странство.
Дилемата на Кина
Но дали средбата во Хангжу ќе биде запомнета на тој начин и дали воопшто ќе биде запомнета?
Во момент на бавен раст и гнев против протекционизмот во целиот свет, претседателот Си ќе се обиде да се претстави како „Супермен“, повикувајќи ги гостите да ја заштитат слободната трговија во името на подобра иднина за сите. Кина сигурно освои многу од глобализацијата и посветеноста на другите земји кон слободната трговија. Земјата ќе изгуби многу ако останатиот свет почне да ги затвора своите пазари.
Германскиот амбасадор во Кина и Стопанската комора на ЕУ се пожалија оваа недела дека некои од нивните компании во Кина не се чувствуваат добредојдени. Нема знаци за мешање во последната минута во стил „Супермен“, кој може да стане кинеското зборување за слободна трговија во извонредно дејство.
Само фундаменталните структурни реформи од страна на Кина и затворањето на големи делови од склеротичната и монополистична државна економија во земјата можат да помогнат навистина за иновативна и силна глобална економија. Значително слободна кинеска економија со фер пристап до клучните сектори за приватни компании и странци ќе се зголеми значително сигурноста на Кина како лидер во глобалното управување.
Тоа сепак нема да се случи брзо поради политичкиот ризик. Послободната економија е спротивна на целта број еден на Партијата, имено политичка контрола. А оваа очајничка политичка слабост има болни последици за кинескиот сон за лидерство.
Кога ќе погледнеме назад во годините и сеќавањето на самитот во Хангжу, најверојатно ќе утврдиме дека сме ја запаметиле само неверојатната мобилизација. Кина се уште не го пронајде јазикот со кој ќе управува еден свет исполнет со проблеми.