17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каков е размерот на безготовински трансакции во светот?

График на денот: Каков е размерот на безготовински трансакции во светот?

bezkes 00

Без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, Кешот игра се помала улога во нашето општество, коментира „VisualCapitalist“.

Од одредена гледна точка тоа е одлична вест за корисниците. Подемот на мобилните и електронските плаќања значи побрзо, поудобно и поефикасно плаќања во повеќето случаи. Новите технологии се создаваат и подобруваат, со цел да се олеснат овие трансакции, а се подобрува и безбедноста, која исто така е приоритет за многу даватели на плаќања.

Преминувањето кон безготовинско општество сепак има и темна страна. Владите и централните банки имаат различни ставови зад елиминацијата на паричните трансакции и како резултат на тоа дојде до т.н. „Војна на парите“.

На патот кон безготовинското општество

bezkes 01

Според проценки на Федералните резерви во 2016-та година ќе има безготовински трансакции за 616,9 милијарди долари. За споредба износот во 2010-та година е 60 милијарди долари. Бројот на трансакции во 2010-та година бил 285,2 милијарди, додека четири години подоцна овој број достигнува до 389,7 милијарди.

Иако обемот на оваа сеопфатна промена е она што се случува во различни земји, исто така и значително варира.

Во Шведска пример околу 59% од сите кориснички трансакции се безготовински, а цврстата валута формира само околу 2% од економијата. Меѓутоа, од другата страна на Балтичкото Море, Германците се поголеми противници на модерните плаќања.

Во Германија само една третина од потрошувачките трансакции се безготовински, а во земјата има само по 0,06 кредитни картички на човек.

На глобално ниво земјата каде безготовинските плаќања се наметнале најмногу е Сингапур со 61%. На второ место со еден процент надолу е Холандија, а на третата позиција се Франција и Шведска со 59%. На последните места со само 1% безготовински транскации се Малезија, Саудиска Арабија, Перу и Египет.

Ако трендовите се разгледаат на континентално ниво сепак, Северна Америка води на листата, така што 52% од трансакциите се безготовински. На дното се Африка со 1% и азиско-пацифичкиот регион со 2%.

bezkes 02

Темната страна на безготовинското општество

Преминувањето кон безготовинско општество сепак стекнува инерција дури во Германија, но причината не е подготвеноста на пошироката јавност.

bezkes 03

Според водечкиот германски бизнис весник „Handelsblatt“ во февруари помал партнер во владејачката коалиција упатил предлог за елиминација на банкнотата од 500 евра и ограничување на сите кешови трансакции до 5000 евра.

Владите се повеќе се стремат кон безготовинско оптшество. На прв поглед, со оглед на фактот дека така сите трансакции оставаат трага црно на бело, ваквиот потег би го намалил криминалот, перењето пари и даночно затајување.

Францускиот министер за финансии неодамна објави дека ќе се бори против употребата на кешот и анонимноста во француската економија, за да престанат терористичките и другите закани.

Во меѓувреме, поранешниот министер за финансии и економист Лери Самерс повика на укинување на банкнотата од 100 долари – најчесто користената банкнота во светот.

Полесна агрегатната побарувачка?

Не станува збор само за спротиставување на државниот рационал, наспроти приватноста и анонимноста. Можеби повеќето ретко споменуваат дека влијанието на безготовинското општество е начинот со кој може потенцијално да им овозможи на централните банки да имаат повеќе муниција за „олеснување“ на начинот на кој луѓето штедат и трошат пари.

Елиминирањето на изгледите за заштеда на пари во готово, се опциите пред монетарната политика, на пример негативните каматни стапки, ќе бидат поефикасни во својата примена.

Наводно сите пари ќе бидат држени под истата заштита на банкарскиот систем, а дури и претпазливите вложувачи можат да бидат фактурирани со негативни каматни стапки за промовирање на потрошувачката.

bezkes 04

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП