Придвижена од високите инвестиции на компаниите, со тенденција на поголемите трошоци на корисниците и меката зима, германската економија ја започна годината ударно.
Бруто домашниот производ забележа раст во првиот квартал за 0,7 отсто во однос на претходниот, соопшти Федералната статистичка служба. На овој начин статистичката служба со седиште во Визбаден ја потврдува првичната проценка за најсилното зголемување по повеќе од две години.
Во четвртиот квартал на 2015-та година БДП-то на Германија забележа раст од 0,3 проценти.
Во првите три месеци од оваа година моторите на конјунктурата се првенствено од внатрешноста на земјата. За растот се погрижија пред се сите делови од потрошувачката, која се зголемува за 0,4 отсто. Јавните организации исто потрошиле повеќе средства, на последно место за засолниште, храна и интеграција на бегалците. Државните расходи се зголемија за 0,5 отсто.
Поради меката зима со 2,3 отсто скок има и во инвестициите во градежништвото – најсилниот раст по повеќе од две години. Покрај тоа, компаниите вложиле за 1,9 отсто повеќе средства во машини и опрема. За сметка на тоа има намалување во однос на надворешната трговија, бидејќи увозот (1,4 отсто) е посилен од извозот (1%). Експортот страда од побарувачката од страна на пазари во развој, како Кина, Бразил и Русија.
source: tradingeconomics.com
И на годишна основа економијата предвиде раст. Со коригирање наспроти инфлацијата, БДП-то се зголеми за 1,3 отсто, а сезонските прилагодени податоци предвидоа раст од 1,6%, бидејќи во текот на оваа година има еден работен ден помалку.
Во 2015-та година германската економија порасна за 1,7 отсто, а според Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија оваа година растот ќе биде во висина од 1,6%.
„Растот оваа година се очекува да остане умерен, бидејќи силното внатрешно побарување, поддржано од поволните фискални и монетарни услови, ја компензира слабата надворешна побарувачка“, пишува ММФ во својот последен извештај за состојбата на економијата на Германија.
Германија е петта по големина економија во светот и најголема во рамките на еврозоната. Земјата е втор по големина извозник во светот, при што извозот изнесува повеќе од една третина од домашното производство. Како такви, извозот на производи со висока додадена вредност е главниот двигател на растот во последниве години. Составот на БДП во однос на трошоците е приближно следниов: на потрошувачката на домаќинствата отпаѓаат 55 проценти, на приватните инвестиции – 20%, од кои 10 отсто во градежништвото, 6 проценти во машини и опрема и 4 отсто во други производи, а на државните трошоци – 19%.