Хрватска, Романија и Бугарија ја предводат групата од четиринаесет земји од ЕУ кои имаат натпросечно ниво на корупција, се наведува во истражувањето коешто го објави агенцијата Hina во средата, а според индексот на ризик од корупција во јавните набавки, Хрватска е на самиот врв, пред Купар, Литванија и Романија.
Хрватска е членка на Европска унија со најголемо ниво на корупција во јавните набавки, и со Романија и Бугарија спаѓа во редот на најкорумпираните држави во ЕУ, покажа истражувањето кое го нарачал Европскиот парламент, а го спровел институтот RAND Europe.
Хрватска, Бугарија, Романија и Латвија поради корупцијата годишно губат по околу 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Анализата што ја направил непрофитниот институт, која почива на три сценарија и неколку методолошки пристапи, покажала дека корупцијата Европската унија на годишно ниво ја чини меѓу 179 и 990 милијарди евра.
Корупцијата има значително општествено и политичко влијание, бидејќи ги поттикнува нееднаквоста, организираниот криминал, послабото владеење на правото, помалиот одѕив на изборите и недовербата кон европските институции, истакнуваат авторите на истражување.
Од тие причини RAND Europe предлага законски и регулаторни мерки на државни нивоа, а ниедна од нив за проширување за заштитниот Механизам за соработка и проверка (CVM) на поголемиот број членки на ЕУ
Механизмот CVM е мерка којашто ја покрена Европската комисија пред влегувањето на Романија и Бугарија во Европската унија, за да ги помогне тамошните правосудните реформи, како и во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Затоа RAND Europe предлага о основање на Европско биро на јавен обвинител, кое би го проширило ограниченото подрачје на дејствувањето на OLAF, европското биро за справување со измами и воведување на јавниот систем на набавки (e-procurement)