11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот „глад“ за купување на странски компании

Кинескиот „глад“ за купување на странски компании

china kompani

Кинеските компании придобиваат странски фирми со невидено темпо и се чини дека ќе видиме уште многу слични трансакции во текот на оваа година, пишува „Business Insider“.

Досега во 2016-та година „General Electric“ продаде дел од својот бизнис на „Haier“. Кинеската „Zoomlion“ направи предлог за стекнување на „Terex Corporation“, а „Dalian Wanda“ го објави купувањето на мнозинскиот удел во холивудската „Legendary Entertainment“.

Истовремено „ChemChina“ склучи рекордна зделка за шведската компанија за семиња и пестициди „Syngenta“, проценета на 48 милиони долари, тврди „Dealogic“.

Во оваа година беа објавени 82 превземања на странски компании од кинески фирми. Нивната вкупна вредност е 73 милијарди долари според „Dealogic“. Тоа е над 55-те договори во вредност од 6,2 милијарди долари склучени во текот на истиот период во минатата година.

2015-та година беше рекордна за спојувања и превземања на странски компании од страна на кинески. Склучени беа 607 трансакции за 112,5 милијарди долари.

china kompani111

Што се случува во моментов?

Една од претпоставките е дека кинеските компании едноставно се гладни за раст – бидејќи економијата на земјата се забавува, тие самите „се хранат“ со стекнување на други фирми.

„Со забавувањето на економијата, кинеските корпорации бараат повеќе можности да се дополни растот”, тврди Викас Сет од „Credit Suisse“. Економскиот раст на Кина во 2015-та година ја достигна најбавната стапка во последниве 25 години.

Но истовремено има нешто повеќе од желба за раст. Овие прекугранични спојувања и превземања даваат и пристап до други пазари.

„Дел од главната мотивација за прекуграничните превземања е пристапот до нови пазари, марки, технологија, ресурси за истражувања и развој, а во некои случаи и до производи и ланци на снабдување, кои можат да бидат продадени во дистрибутивните мрежи во внатрешноста на Кина. Сметаме дека ова темпо ќе се задржи, бидејќи Кина доживува извонредна трансформација на економијата“, посочува уште Сет.

china kompani222

Предизвиците!

Како секој бум на трансакциите и овој е добар за „Wall Street“.

Минатата година инвестициските банкари се здобие со 558 милиони долари приходи од надворешни кинески зделки за спојувања и превземања, според „Dealogic“. Од почетокот на оваа година досега износот достигна 121 милиони долари.

Но и покрај тоа има и голем број на предизвици со кои овие договори ќе се судираат, особено во САД.

Трансакциите за спојувања и превземања во САД се предмет на контрола од страна на Комисијата за странските инвестиции во САД (CFIUS). Неодамна таа спречи продажбата на бизнисот со осветлување на „Philips“ за 3,3 милијарди долари на група од азиски купувачи.

Може да има и културни предизвици кога станува збор за интегрирање на западно управуваните компании во кинеските претпријатија. Да не зборуваме за потенцијалните предизвици во оценувањето на фирмите, со оглед на нестабилноста на пазарот во последно време.

Кинеските компании треба да имаат целосна поддршка од Владата, за да склучат слични странски трансакции. Тие имаат потреба од одобрение за да добијат доволно девизи, па да платат за стекнувањето – нешто на што властите внимаваат. Исто така многу од компаниите кои извршуваат трансакции зад граница, всушност се државни претпријатија.

Но со оглед на досегашниот обем на трансакции, може да се каже дека кинеската влада го поддржува сето тоа. Што укажува дека на хоризонтот можеби се поставуваат уште повеќе спојувања и превземања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП