30 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНационална галерија на Македонија ќе соработува со Уметнички музеј во Кина

Национална галерија на Македонија ќе соработува со Уметнички музеј во Кина

umetnost kinezi 35

Меморандум за соработка помеѓу Националната установа Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, од Кина вчера беше потпишан во Скопје.

На средбата меѓу претставниците на двете институции се искажа подготвеност за продлабочување на соработката, културна размена со Уметничкиот музеј во Нингбо, на база на реципрочна соработка, размена на идеи, искуства, знаења, уметност, уметници и друго, со цел запознавање одблиску со културата на другата вклучена страна и афирмација на македонската култура и уметност во Кина.

Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на  проекти, истражувања, уметнички престои, семинари и слично.

Беа разговарани следните типови на соработка: размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста и соработка во други полиња на интерес.

Директорот од музејот во Нингбо, Хан, покажа спремност соработката помеѓу двете институции да се крене на повисоко ниво и соработката да резултира со значајни возвратни изложби.

Директорката на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими напомена дека нашата институција е подготвена да излезе во пресрет на барањата на претставниците од Кина, и изрази подготвеност договорените типови на соработка да започнат да се реализираат уште годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП