Во Шведска верниците даваат донација на црквите со апликација за паметен телефон, а уличните продавачи користат мобилни ПОС терминали за кредитни картички.
Дури музејот на “Абба”, макар и светилиште на попгрупата од 70-тите која ја напиша песната „Пари, пари, пари“, ја смета готовината за доста демоде и не прифаќа банкноти и монети.
Малку земји во светот „трчаат“ кон иднина без пари, толку брзо како што е Шведска, која е вовлечена од удобноста да се плаќа со апликации и со картички. Државата која е напредната во технологијата е заведена од иновациите кои го прават полесно дигиталното плаќања. Тоа има и својата практична страна, бидејќи многу од шведските банки веќе не прифаќаат и не издаваат кеш.
Не сите сепак се радосни, забележува „New York Times“. Организациите за заштита на потрошувачите предупредуваат за растечка закана за личните податоци и ранливост од криминал. Минатата година во Шведска имало 140.000 електронски измами, над два пати повеќе од нивниот број пред една деценија, покажуваат податоците на Министерството за правда.
Постарите луѓе и бегалците кои користат кеш, може да бидат маргинализирани, велат критичарите. А младите кои користат мобилни апликации за сè и повлекуваат кредитни плаќања во своите телефони, ризикуваат да бидат задолжени.
Банкнотите и монетите во моментов претставуваат два проценти од економијата на Шведска, во споредба со 7,7 отсто во САД и 10 отсто во еврозоната. Оваа година само околу 20 проценти од сите плаќања во Шведска биле во кеш, а во светски рамки овој удел бил 75 проценти, истакнува експертот по пазарни истражувања „Евромонитор интернешнл“.
Според шведската централна банка, сепак, макар и воопшто да не се употребуваат, парите ќе се користат уште во наредните 20 години, пишува „New York Times“.