19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаштитата при работа не е трошок туку инвестиција

Заштитата при работа не е трошок туку инвестиција

opo

Падна градежен работник во Гостивар…Гостиварец загина во несреќа на објект… Загинал додека орал, тракторот целосно го преклопил… Ова се наслови од медиумите само од изминативе две недели. Сепак, за заштитата при работа се зборува многу малку и најчесто дури откако ќе се случи некоја поголема трагедија.

Состојбите се подобруваат, барем така велат оние кои ги анализираат. Од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објаснуваат дека проблемот е и кај бизнисмените и кај работниците; ни едните, ни другите се уште немале доволно развиена свест.

„Конечно почна да се зголемува свеста на газдите, но потребно е да се работи и со вработените за да ги почитуваат тие мерки кои се предочени и да внимаваат на своето здравје“ вели Славица Јанкова, Македонско здружение за заштита при работа.

Најголем дел од работниците не пријавуваат неправилности плашејќи се дека ќе останат на улица. Работодавачите, пак, и самите признаваат дека компаниите мора да сфатат дека заштитата при работа не е само трошок туку и инвестиција – само здрав работник е продуктивен работник

„Мотивацијата не е само во платата туку и во безбедноста на работникот… Треба да биде јасно дека незадоволен работник секогаш може да изведе т.н. ‘бел штрајк’, секоја инвестиција во мотивиран работник односно неговата безбедност и здравје, неговата сигурност е инвестиција која ќе роди со плод“ објаснуваат во Конфедерација на работодавачи.

Во Државниот инспекторат за труд (ДИТ) велат дека често се случува во компаниите да има заштитна опрема, но таа да не се користи.

„Работодавачите набавуваат соодветна опрема, која е предвидена со закон, за заштита на работниците при работа, но, за жал, понедисциплинирани се токму работниците. Поради тоа, само годинава се поднесени 20 мандатни казни, по кои констатираните недостатоци се надминати“ вели Реџеп Ќормемети, државен инспектор за заштита при работа за подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа.

На територијата на Македонија ДИТ годишно прави по над 13.000 редовни и 1.500 вонредни односно контроли по пријава од работник. Тоа резултира со по околу 3.500 решенија за глоби или за отстранување на неправилности.

 

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП