8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 40 долари, снемува капацитети за складирање

Цените на нафтата близу 40 долари, снемува капацитети за складирање

nafta 35

Цените на нафтата се спуштија во вторникот на меѓународните пазари во близина на нивото од 40 долари под притисокот на стравувањата дека во светот снемува капацитети за нејзино складирање во услови на континуирано прекумерно снабдување на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на барелот се лизна за 60 центи во однос на затворањето на трговскиот ден во понеделникот и изнесуваше 40,13 долари. Во понеделникот го заврши тргувањето со минус од 2,27 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по 79 центи пониска цена отколку во понеделникот, од 36,86 долари. Вчера, го заврши тргувањето во минус од 2,32 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ниту во вторникот не ја објави цената на нејзината референтна кошница нафта, поради празниците. Во петокот таа изнесуваше 38,08 долари, односно останала речиси непроменета во однос на минатиот четврток.

Во понеделникот нафтените пазари беа потопени од задоцнетата реакција на воздржаноста на OPEC, кога станува збор за остриот пад на цените на нафтата, а нивниот надолен тренд го запечати појакиот долар, придушувајќи ја куповната моќ на имателите на другите валути, а со тоа и побарувачката.

Аналитичарите предупредуваат дека изостанатиот договор навестува дека највлијателните членки на картелот се подготвуваат за нови битки за пазарниот удел, при што пазарот и онака прекумерно е снабден, а потрошувачката заостанува зад производството за околу два милиона барели дневно.

„OEPC ја загуби контролата над пазарот на нафтата и доколку не се променат нештата и побарувачката не го надмине прекумерното снабдување на пазарот, патот на помалиот отпор води кон најниските нивоа од 2008 година, во дијапазон од 35 до 38 долари за барел“, толкува за Reuters Мајкл Хивсон од „CMC Markets“

Дополнителен сигнал за жестоката битка за пазарот е податокот од извори во трговските кругови дека Саудиска Арабија ја зголемила испораката во Азија во последните два месеца од 2015 година.

На страна на побарувачката се истакнува зголемувањето на кинескиот увоз на сирова нафта во периодот од јануари до ноември за 8,7 отсто во однос на истиот период минатата 2014 година, на 6,61 милиони барели дневно. Само во ноември увозот на годишно ниво зајакнал за 7,6 проценти во однос на исиот период една година претходно. Се смета дека Кина, имајќи ги предвид ниските цени на нафтата, веројатно ќе ги удвои стратешките набавки на нафта за 2016 година и ќе ги зголеми стратешките резерви за 79 до 90 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП