26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е добро да јадете јајца?

Зошто е добро да јадете јајца?

jajcanbcewuiyfr873y

Јајцата за многумина не се здрава исхрана, поради холесторолот во жолчката кој го зголемува неговото ниво во организмот и му штети на срцето. Меѓутоа, едно од истражувањата на оваа тема, објавено во списанието „Americal Journal of Clinical Nutrition“, покажува дека нема цврста поврзаност меѓу луѓето кои во умерени количини јадат јајца и срцевите и мозочните удари.

Четири причини зошто јајцата се добри за организмот…

1. Го намалуваат ризикот од рак

Јајцата се еден од најдобрите извори на колин – едно јајце содржи околу 30 проценти од потребната дневна доза. Истражувањата покажале дека жените кои внесувале потребни количини колин имале 24 проценти помали шанси да заболат од рак на дојката. Колинот главно се наоѓа во жолчката на јајцето.

2. Јајцата го чуваат добриот видот

Жолчката содржи многу лутеин и зеаксантин, два антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација. Конзумирајте јајца во староста и нема да имате проблеми со видот.

3. Со јајца до потенка половина

Неодамнешното истражување покажало дека луѓето со прекумерна тежина кои за доручек јаделе по две јајца изгубиле 65 проценти повеќе од тежината од оние кои наутро јаделе пециво. Протеините во јајцата брзо заситуваат и го продолжуваат чувството на ситост.

4. Јајца за стомачни мускули

Јајцата содржат и одредена количина аминокиселини поради кои телото полесно ги апсорбира протеините. Со други зборови, по напорно вежбање, дозволете си тврдо варено јајце и изедете го без грижа на совеста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП