7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува речиси двојно зголемување на производството на течен гас

Русија очекува речиси двојно зголемување на производството на течен гас

Производството на ЛНГ во Русија ќе се зголеми на 56,6 милиони тони годишно до 2027-ма година, од 33,3 милиони тони во 2023-та година. Ова го предвидува основното сценарио за развој на секторот подготвено од руското Министерство за економија. Ова е и најоптимистичката прогноза, другите две сценарија предвидуваат стагнација на производството поради западните санкции.

Во „конзервативното сценарио“ евидентирано е дека производството на течен гас ќе биде 38,6 милиони тони годишно, но третото, „стрес сценарио“, не е јавно достапно, пишува „Reuters“. Агенцијата има пристап до владиниот извештај.

Москва веќе ги изјави своите амбициозни цели за секторот за течен гас – до 2030-2035 година, пазарниот удел на руските компании треба да се зголеми од 8% денес на 20%. За ова ќе придонесат наоѓалиштата на Арктикот.

Но, Русија во последните месеци не успеа да започне со извоз на еден од проектите во овој регион – „Арктик ЛНГ2“ на „Новатек“. Причината е што поради санкциите, компанијата не можеше да ги обезбеди потребните танкери со мразокршач. Овој проект е еден од најголемите со капацитет од 19,8 милиони тони годишно. Според извори на „Reuters“, компанијата ќе го запре производството на течен гас.

„Газпром“ го одложува и пуштањето во употреба на големиот гасен комплекс на пристаништето Уст-Луга на Балтичкото Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП