26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто не е добро да ги прескокнувате оброците

Зошто не е добро да ги прескокнувате оброците

hranazdravjertygtr

Прескокнувањето на оброците, покрај другото, не е добро бидејќи подоцна во текот на денот кога ќе ве обземе глад, ќе посегнете по било која храна која ќе се најде пред вас.

Експертите велат дека доручекот е најважен оброк во денот, кој на организмот ќе му ги обезбеди сите потребни состојќи за функционирање во текот на денот, но не треба да се прескокнуваат ни останатите оброци.

Теоријата која е докажана во пракса е едноставна – луѓето кои во текот на денот јадат во редовни интервали, започнувајќи со доручекот, се значително подобри во менталната и физичката кондиција од оние кои ги прескокнуваат оброците и се хранат нередовно.

Тајни всушност нема. Лицата кои ги јадат сите оброци имаат доволно енергија и не страдаат од недостаток на хранливи материи, а тоа во пракса се одразува така што тие имаат повеќе енергија, подобро работат и не се склони на нагли промени во расположението.

Секој треба да знае дека нередовната исхрана во одреден дел од денот ќе ви донесе големо чувство на глад кое порано или подоцна ќе се обидете набрзина да го намалите и да се задоволите со првата храна која ќе се најде пред вас и тоа во голема количина, со што ќе дојде до прејадување но и до лош избор на намирници.

Поради ваквиот начин на исхрана страда вашето здравје, а првите проблеми најчесто се воочуваат околу половината – килограмите се таложат сами по себе, а всушност вие сте одговорни за тоа.

Затоа внимателно испланирајте ги вашите оброци и придржувајте се до распоредот. Тоа ќе ви одземе пет минути во денот, но многу ќе направи за вашата витка линија и здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП