Над 40 отсто од работите продадени преку интернет во Кина минатата година биле или фалсификувани или со лош квалитет, извести агенцијата Ксинхуа укажувајќи на размерите на проблемите поради кој дојде до застој во брзорастечкиот онлајн сектор.
Според извештајот, кој е поднесен пред кинеските пратеници во понеделникот, нешто помалку од 59 отсто од работите продадени онлајн минатата година биле оригинални или со добар квалитет.
Кина настојува да се реши од лошиот глас кој ја следи поради фалсификување на производи, што им претставува големи проблеми на глобалните брендови, на кои Кина им е целен пазар, како произведувачот на iPhonea Apple и на францускиот концерн на луксузни производи LVMH.
Во извештајот се повикува на „забрзано носење на закон во подрачјето на е-трговија, подобрување на надзорот и разјаснување на правата на потрошувачи и одговорност на трговците“.
Онлајн продажбата забележа огромен раст во минатата година, кога се зголеми за 40 отсто на 441,84 ,милијарди долари.