Нема ништо лошо во тоа самите да се почестите пиво по напорниот работен ден, но прекумерното пиење на алкохол веќе претставува проблем. Дознајте кои професии се најтесно „поврзани“ со алкохолизмот.
Резултатите од истражувањето кое неодамна го спроведе порталот „Statista“ покажаа дека поголемиот дел од алкохоличарите се застапени во областа на рударството, а следат градежништвото, угостителството …
Експертите сметаат дека поврзаноста меѓу рударството и прекумерното консумирање на алкохол, се крие во големиот стрес на работното место, како темната средина и тешките и опасни услови за работа кои вработените ги охрабруваат да посегнат по алкохолот.
Листата од десет професии во кои повеќето луѓе консумираат алкохол:
1. Рударство – 17,5%
2. Градежништво – 16,5%
3. Угостителство – 11,8%
4. Уметност, забава, рекреација – 11,5%
5. Комунални услуги – 10,3%
6. Продажба на големо – 10,2%
7. Менаџмент – 9,9%
8. Индустриско производство – 9,7%
9. Земјоделство, шумарство, лов и риболов – 9,4%
10. Недвижности – 9%