Кирил Лазаров со златни букви го запиша своето име во аналите на Лигата на шампионите откако стана првиот играч кој постигнал 1.000 голови во ова натпреварување.
Лазаров, кој 14 сезони игра во Лигата на шампионите, на мечот со ПИК Сегед, на кој Барселона победи со 30:28, постигна пет голови, а со петтиот стигна до точно 1.000 голови во кариерата во ЛШ.
Инаку ова е само еден од рекордите кои се во сопственост на Лазаров, тој е најдобар стрелец во историјата на светските и европските првенства.