Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, напаѓачот Рахим Стерлинг, во наредните денови ќе побара трансфер во друг клуб. Овој 20-годишен напаѓач оваа сеозна има постигнато 11 голови, а пред неколку месеци одби да потпише нов договор вреден 100.000 фунти неделно.
Стерлинг во петок ќе има состанок со менаџерот Брендан Роџерс и извршниот директор Ијан Ајр, кога според шпекулациите ќе им соопшти дека сака да го напушти „Енфилд“.
Актуелниот договор вреден 35.000 фунти го врзува Стерлинг за Ливерпул до 2017-та година, а како клубови кои покажуваат сериозан интерес за неговите услуги се споменуват Манчестер Сити, Арсенал и Реал Мадрид.
Стерлинг кој по одбивањето на новиот договор во јавноста во Англија беше означен како „човек кој сака само пари“, за „BBC“ изјавил дека приоритет за него се трофеите, а не парите.
Ливерпул последниот трофеј го освоил во 2012-та година кога триумфираше во Лига купот.